Врати се назад Статии

Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?

Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?

Дали некогаш си користел иста лозинка за повеќе сајтови? Ако да — добредојде во клубот на 65% од луѓето кои тоа го прават.

Знаеш ли кои се најчестите лозинки во Македонија? Тоа се произволни броеви како „123456" , име + број „Еlena0701” и датум на раѓање „07011987". Ако не сакаш твоите лични податоци да бидат следниот лесен „плен“ за хакерите, време е да промениш нешто.

Твоите онлајн кориснички профили не се само регистрации – во нив се чуваат твоите лични и финансиски податоци кои можат да бидат многу вредна информација за хакерите. Украдената лозинка може да значи пристап до твојата трансакциска сметка и лични документи. Со други зборови лозинката е многу повеќе од ,,само лозинка”.

Како да си создадеш сигурен профил?

Регистрирај се со вистинскиот имејл

При создавањето на профил, секогаш регистрирај се со имејл до кој имаш достап само ти. Избегнувај споделени или службени имејли за финансиски регистрации. И најважно – запомни со кој имејл си се регистрирал. Половина од случаите на изгубен достап почнуваат со реченицата: „Можеби се регистрирав со друг имејл…“ 

Создај силна лозинка

Наместо:  "123456" , име + број "Еlena0701” и датум на раѓање "07011987" ,
направи лозинка од најмалку 12 знаци – големи, мали букви, цифри и симболи. 

Трик за полесно да ја запомниш: Измисли реченица и користи ги првите букви. 
Пример: „Сакам да пазарувам секоја сабота во 10 часот!“ → Sdpssv10c! 
Така создаваш лозинка која звучи како шифра, но всушност има посебна смисла.

Двoфакторска автентификација– поголема заштита

Активирај ја двофакторската автентификација(2FA). Така, дури и ако некој ја открие твојата лозинка, нема да може да влезе без кодот што го добиваш на телефонот. Да, ќе потрошиш половина минута повеќе, но тоа ќе спречи 99% од обидите некој да „ си ја проба среќата“. 

Како да си ги заштитиш лозинките?

Каде НЕ треба да ги чуваш?

  • Во белешка на телефонот „Лозинки“ 
  • На лист залепен на монитор 
  • Во имејл испратен до тебе

Каде ДА ги чуваш?

  • Апликации за лозинки - Google Password Manager или 1Password 
  • Физички тефтер – но далеку од компјутер и заклучени на посебно место 
  • Во твојата глава – обиди се да ги запомниш

Практични совети за профилoт во Credissimo

Во Credissimo сигурноста e важна – тоа е дел од довербата меѓу нас.

Еве како можеш да го направиш твојот кориснички профил побезбеден:   

  • При регистрација - користи имејл кој го проверуваш редовно 
  • Лозинка - создај уникатна лозинка само за Credissimo 
  • Запомни ги имејлот и лозинката – веднаш по регистрацијата запиши си ги
  • Редовни проверки - еднаш месечно најавувај се за да се увериш дека се е во ред 
  • Ажурирање - обновувај ги податоците при промена 

Кои податоци НИКОГАШ не треба да ги споделуваш?

Запомни го ова правило: Ниту една компанија нема да бара твоја лозинка по телефон, имејл или чат.

Предупредувачки знаци за измама:

  • Имејл која бара „потврди ја лозинката“ 
  • СМС за „итна проверка“ на профилот 
  • Повик од „вработен“ кој бара достап или податоци 
  • Ако звучи итно – веројатно не е вистинско. 

Што да направиш ако не можеш да се најавиш?

Заборавена лозинка:

  • Користи го копчето „Заборавена лозинка“ 
  • Провери ја и спам папката
  • Ако не пристигне – контактирај го контакт центарот за корисници

Заборавен имејл:

  • Провери ги сите имејлови 
  • Побарај стари имејлови од Credissimo 
  • Јави се на 15 020 – ќе ти помогнеме 

Сигурноста не е лозинка, туку навика.

Онлајн сигурноста не е апликација што ја симнуваш. Таа е навика што ја градиш. 
Десет минути денес можат да ти заштедат неколку недели грижа утре. 

Во Credissimo ги чуваме твоите податоци!

Поврзани статии

Врати се назад
Добиј пари навреме од Credissimo веќе и преку мобилната апликација
Статии

Добиј пари навреме од Credissimo веќе и преку мобилната апликација

Сега веќе можете да земете до 40 000 денари за неколку минути, во движење - директно преку вашиот смартфон или таблет со мобилна апликација за iOS и Android

Прочитај
Најлесниот начин да земете пари во кеш
Статии

Најлесниот начин да земете пари во кеш

При аплицирањето за брз онлајн кредит не е потребно ништо друго освен да сте полнолетен и да имате важечка лична карта.

Прочитај
Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!
Статии

Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!

Без разлика дали пишувате некој труд, предавате, подготвувате некој проект или само сурфате на Интернет, потребен ви е лаптоп.

Прочитај
Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?
Статии

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Запознај се со нашиот чат-бот Симо кој интерактивно комуницира со сите наши клиенти наеднаш. Пиши му и прашај го нешто сега

Прочитај
Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?
Статии

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Види како ќе се промени тенденцијата во купувањето и како тоа ќе влијае на потрошувачите оваа година

Прочитај