Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Знаеш ли за Симо? Знам дека нема веднаш да одговориш, а ќе прашаш „Кој Симо?“ Сигурно го знаеш, ама прашањето ќе ти дојде онака, по навика. Е, сега ако не знаеш и за ChatGPT…

Продолжи да читаш, информацијата, навистина, е корисна!

Ниту еден чатбот досега не станал толку познат, колку што е ChatGPT во моментот. Генерира толку разбирлив и јасен текст, неговите одговори звучат како одговори на човек со којшто си пишуваме од другата страна, независно од фактот дека, всушност, пишуваме со робот. ChatGPT одговара на повеќе јазици, знае да дава одговор за сѐ и сешто, користејќи вештачка интелигенција. Така што за него веќе знаеш, а во случај да не знаеш - можеш да го прашаш ChatGPT.

Сигурно по прочитаното за ChatGPT ќе се сетиш дека и не е баш на мода да поставуваш прашања за твојот кредит по телефон или на имејл, имајќи предвид дека тоа можеш да го направиш целосно онлајн во разговор со Симо.

ChatGPT и нашиот Симо имаат нешто заедничко, а тоа е дека секогаш можат да ти помогнат. Ти прашуваш, а тие одговараат. Брзи се и доста конкретни, сигурно си мислиш дека се роднини, но, не се.

ChatGPT и Симо се чат-ботови коишто одговараат на прашања, како и сите други софтверски апликации на сајтовите програмирани да одговараат на клучни зборови.

Нашиот чат-бот Симо може да одговори на сите твои прашања. Го посетуваш нашиот сајт www.credissimo.mk и во долниот десен агол започнуваш разговор. Симо е толку добро подготвен, што одговара на сите клиенти наеднаш. Освен на клиентите кои поставуваат прашања преку чат-платформата на сајтот, стигнува да одговори и ако пишуваш преку Facebook Messenger. Со него сѐ е брзо и лесно. И да не заборавиме. Симо е чат-бот кој освен што прецизно одговара, дава и пари. Може да ти помогне да си пополниш и апликација за кредит. Прашај го и ќе се увериш!

Симо веќе неколку години интерактивно комуницира со нашите клиенти обезбедувајќи им информации поврзани со нашите услуги. Од денес, Симо веќе дава одговор и на прашањето „Колку е сумата за предвремена исплата на твојот кредит“. Ова е неговото најголемо достигнување досега, затоа што тоа е едно од најпоставуваните прашања во нашиот кол-центар.

Биди во чекор со новите технологии, движи се напред, спознавај и осознавај! Биди во тек со последните случувања од дигитализираниот свет. Иднината е во онлајн пространството.

Поврзани статии

Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?

Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?

Дали некогаш си користел иста лозинка за повеќе сајтови? Ако да — добредојде во клубот на 65% од луѓето кои тоа го прават.

Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци

Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци

Credissimo се приклучува кон кампањата организирана од страна на Групацијата на финансиските друштва за поголема финансиска едукација на населението

Најлесниот начин да земете пари во кеш

Најлесниот начин да земете пари во кеш

При аплицирањето за брз онлајн кредит не е потребно ништо друго освен да сте полнолетен и да имате важечка лична карта.

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Твоја одговорност е што поскоро да се запознаеш со предизвиците кои ги носи Интернетот, за подобро да се заштитиш себеси и своите блиски.

Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?

Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?

Бидејќи никој не сака да купува производи кои чинат поскапо, претпоставуваме дека прашањето е, од што зависи и како сепак да пазаруваме поефтино?