Врати се назад Статии

Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!

Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!

Биди ин и биди во тек со технологијата!

Без разлика дали пишувате некој труд, предавате, подготвувате некој проект или само сурфате на Интернет, потребен ви е вистинскиот лаптоп кој ги исполнува вашите потреби, но и кој одговара на вашиот буџет. На прв поглед купувањето лаптоп може да изгледа збунувачко. Постојат стотици модели во разни големини, со барем 3 оперативни системи, а цените може да се движат од 150 до 5.000 евра. За среќа, наоѓањето на вистинскиот лаптоп е многу полесно и поевтино отколку што мислите. Овие совети ќе ви помогнат во тоа.

Повеќето лаптопи доаѓаат со екран со големина од 11 до 17 инчи. Целиот систем е прилагоден за големината на екранот. Ова значи дека помалите лаптопи се полесни и покомпактни, додека поголемите може да бидат гломазни. Ако ретко го преместувате вашиот лаптоп, 15-инчен модел ќе ви заврши работа. Но ако планирате постојно да го разнесувате лаптопот, подобро ќе биде да одберете модел од 13 или 14 инчи. Децата под 12 години полесно ќе се справат со лаптоп чиј екран е 11, 12 инчи. Ако вашиот лаптоп најчесто стои на едно место, можете да одберете модел од 17 инчи.

Ако можете да си дозволите, земете лаптоп со резолуција на екранот од барем 1920х1080. Денес овие лаптопи може да се најдат и за цена пониска од 300 евра. Бројот на пиксели ќе ви го олесни читањето на содржината од екранот и полесно ќе ја користите опцијата за мултитаскинг.

Ако планирате да поминувате подолго време без да го полните лаптопот, гледајте неговата батерија да издржува барем 8 часа. Бидејќи им е потребна поголема моќ, ова не важи за гејмерските лаптопи.

Лаптопите кои го користат оперативниот систем на Гугл се популарни за помладите корисници бидејќи се лесни за употреба и потешко е да фатат вирус. Сепак за повозрасните подобри се лаптопите со Виндоус или iOS. Доколку се двоумите помеѓу двете, имајте на ум дека со Виндоус имате повеќе опции, вклучувајќи и лаптопи со екран на допир. Лаптопите на Епл, од друга страна, се побезбедни и имаат подобар софтвер за уредување фотографи и видеа.

Денес постојат многу „2 во 1“ лаптопи, кои можат да се користат и како таблети. Тие се одлични само ако навистина планирате да го користите екранот на допир. Во спротивно, можете да земете многу подобар лаптоп за истата цена ако нема екран на допир. „2 во 1“ лаптопите обично се многу поскапи и имаат послаба батерија.

Во време каде технологијата постојано се развива и се искачува на повисоко ниво, мора да се прилагодиш и да бидеш во тек со трендовите. Лаптоп или добар смартфон ти се потребни секојдневно поради тоа што голем дел од работата и комуникацијата се одвива преку нив.
Доколку сакаш, но немаш доволно пари за да се подновиш со нов лаптоп, кој навистина ти е потребен, тогаш веднаш, не го губи времето, земи Credissimo плус до 80.000 денари  или аплицирај за „Credissimo до плата" и земи го 1-от и секој 5-ти кредит во износ до 12.000 денари без камата со рок на враќање до 30 дена. Credissimo e секогаш тука за тебе.

Поврзани статии

Врати се назад
Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци
Статии

Биди одговорен при заштитата на твоите лични податоци

Credissimo се приклучува кон кампањата организирана од страна на Групацијата на финансиските друштва за поголема финансиска едукација на населението

Прочитај
Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?
Статии

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Види како ќе се промени тенденцијата во купувањето и како тоа ќе влијае на потрошувачите оваа година

Прочитај
Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?
Статии

Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?

Бидејќи никој не сака да купува производи кои чинат поскапо, претпоставуваме дека прашањето е, од што зависи и како сепак да пазаруваме поефтино?

Прочитај
Твојот кориснички профил во Credissimo
Статии

Твојот кориснички профил во Credissimo

Со корисничкиот профил можеш да аплицираш побрзо и полесно. Во секое време ќе можеш да видиш онлајн информација за твоите кредити, промоции и попусти

Прочитај
Уживај во предностите на онлајн кредитирањето
Статии

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Твоја одговорност е што поскоро да се запознаеш со предизвиците кои ги носи Интернетот, за подобро да се заштитиш себеси и своите блиски.

Прочитај