Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Трета година по ред, се соочуваш со неизвесност на секое поле од животот? Доколку во првите два наврата главен причинител беше пандемијата, оваа година тоа е поскапувањето на основните производи од потрошувачката кошничка, кое несомнено ќе предизвика промени во секојдневните потрошувачки навики кои ги имаш.

Човекот лесно се приспособува на новонастанатата ситуација, барајќи нови начини како својот месечен буџет најрационално да го оптимизира, а, притоа, истото да не се почувствува во секојдневниот живот. Според многу познавачи и аналитичари, инфлацијата која владее во светот ќе создаде нови навики кај секој еден од нас.
 

Еве дел од нив:

Проактивност во купувањето

Проактивност во купувањето

Доколку досега не си го менувал маркетот или твојата омилена продавница за облека, можеби наскоро ќе ја промениш и оваа навика, барајќи истиот или сличен производ  ќе можеш да го најдеш по пониска цена. Претплатувајќи се на нивниот веб-сајт со цел да ги добиваш најновите понуди или промотивни цени на одредени производи, ќе можеш да направиш анализа, со што би добил повеќе за истиот износ на пари или би заштедил купувајќи. Ваквиот начин на трошење на твоите пари е вистинска „инвестиција“ во иднината, создавајќи навика која ќе ти биде од полза доживотно!

Онлајн vs офлајн

И понатаму си скептик кога е во прашање онлајн купувањето? Можеби оваа година таа навика ќе се промени. Според многу следбеници на трендовите, луѓето кои се скептици за онлајн купување оваа година би имале „нагло завртување“ во обратна насока. Доколку некој производ е со подобра цена онлајн отколку офлајн, купувачите нема да се двоумат многу во неговото купување дури и доколку не купувале на интернет страниците. Логиката е едноставна, зошто да не се заштеди и пари и време?

Зголемено купување на производи втора рака

Зголемено купување на производи ,,од втора рака"

Си купувал телефон на старо? Или можеби телевизор на старо? Трендот кој започнал во 2022 година се очекува да продолжи и во 2023 година, но, со поголемо темпо. Ваквата навика која се создаде кај потрошувачите од минатата година ќе ги натера дури и трговците на големо да инвестираат во купување /продавање на производи кои веќе се користени.

Многу експерти веруваат дека ваквиот тренд би можел да се прошири и на други производи како, на пример, облека, обувки, часовници, сé со цел да се заштеди, а, притоа, истото да не се почувствува на дневните рутини.

Приватните марки ќе станат сé попопуларни

Си ги забележал оние производи кои се брендирани со името на маркетот во кој купуваш? Тоа се приватни марки, произведени од некој локален производител на храна, а брендирани со брендот на маркетот во којшто купуваш. И, најчесто, тие се по намалена цена. Нивното купување досега беше стигматизирано, бидејќи многу луѓе повеќе веруваа на брендот на одреден производител, отколку на брендот на маркетот. Но, новите околности ќе доведат до нивно популаризирање, бидејќи тие имаат можеби ист квалитет како сите други производи, но немаат „фенси“ етикета, не вложуваат во маркетинг и немаат создадено бренд како оние „познатите“.

Притоа, ќе заштедиш, а со заштедениот буџет ќе можеш да го алоцираш во останати работи кои ти се потребни за секојдневниот живот.

Контрола над трошењето

Контрола над трошењето

Дали знаеш колку трошиш, во просек, секој месец? Или кој е месецот во 2022 година кога си потрошил најмногу пари? Новите времиња создаваат нови навики каде секој еден од нас сака да знае колку и каде потрошил во денот, во месецот, во годината? Ваквиот нов пристап е стимулиран од технологијата, каде што постојат многу апликации на кои можеш да го забележуваш секое твое купување на секое место. Истото ќе ти помогне да анализираш каде можеш да „скратиш“ како би можел да го рационализираш трошењето и, секако, да заштедиш за твојата следна голема инвестиција.


Доколку и ти се соочуваш со промени во твоите потрошувачки навики и сметаш дека треба да го оптимизираш како твојот семеен буџет, така и дополнителните средства од други извори, не заборавај дека можеш да ја искористиш промоцијата за бескаматен кредит до плата до 30.000 ден,, којашто во пресрет на твоите потреби, ќе биде активна до крајот на годината, т.е. до 31.12.2023 година.

Поврзани статии

Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!

Сакаш нов лаптоп? Ние ќе ти помогнеме да го одбереш!

Без разлика дали пишувате некој труд, предавате, подготвувате некој проект или само сурфате на Интернет, потребен ви е лаптоп.

Твојот кориснички профил во Credissimo

Твојот кориснички профил во Credissimo

Со корисничкиот профил можеш да аплицираш побрзо и полесно. Во секое време ќе можеш да видиш онлајн информација за твоите кредити, промоции и попусти

Ти си студент и имаш итна потреба од пари – кредит за студенти

Ти си студент и имаш итна потреба од пари – кредит за студенти

Студентските години се незаборавно време од животот на секого. За првпат стекнуваш самостојност, запознаваш сосема нови пријатели.

10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии

10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии

Избравме најдобрите до денес, со кои лесно можете да ги ведувате приходите и расходите, да ги планирате трошоците и заштедите.

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Уживај во предностите на онлајн кредитирањето

Твоја одговорност е што поскоро да се запознаеш со предизвиците кои ги носи Интернетот, за подобро да се заштитиш себеси и своите блиски.