Внеси го празничниот дух во твојот дом

Внеси го празничниот дух во твојот дом

Сите знаеме дека декември е најнапорниот период во целата година. Како што нивото на енергија опаѓа, така трошоците се чини дека сè повеќе се зголемуваат. Се приближуваат крајните рокови на работа, а згора на сето тоа се новодишните забави и слави кои мора да ги организираш. Честопати, дури и новогодишното декорирање на домот може да изгледа како само уште една обврска, а не задоволство.

Сепак, можеш да го уредиш домот и без да вложиш голем напор и буџет. Еве неколку едноставни совети.

Искористи ги ланските декорации

Сметаш дека декорациите кои ги поседуваш се здодевни? Има решение за овој проблем и без потребата од трошење огромни суми на пари во трговските центри. Сè што треба да направиш е едноставно да ги обновиш старите украси! Акрилни бои, лакови за нокти, светки и панделки се најдостапните и најевтините средства кои ти се потребни за да ги преобратиш старите декорации во нови, кул и интересни новогодишни украси. Исто така, декорациите ќе бидат направени по твој вкус и ќе бидат тотално уникатни.

Колку посветкаво, толку повесело!

Светулките, разиграните бои и светкавите предмети предизвикуваат инстантна празнична атмосфера. Додади светки на неколку балони или свеќи и постави ги на различни агли од просторијата. Ова е само еден мал детаљ кој ќе постигне голем и забележителен ефект. Не ги заборавај малите, шарени светулки, тие се неизоставен дел од секоја декорација!

Ниедна атмосфера не е целосна без музика

Замисли една прослава која се одвива во тотална тишина. Смешно, нели? Едноставното пуштање на тивка музика која ќе се слуша во позадина ќе додаде речиси половина од празничниот дух. Состави листа од неколку новогодишни и божиќни песни кои најмногу ти се допаѓаат и пушти ја секогаш кога ќе сакаш да ја почувствуваш новогодишната магија. Ова нема да ти одземе ниту време, ниту пари, а ќе внесе топла и весела енергија во домот.

Доколку не се чувствуваш како креативец или пак планираш прослава која е од исклучителна важност за тебе и твоите гости, постои и друга алтернатива. Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Или ако имаш потреба од повеќе пари, имаме повторно решение за тебе! Аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и уживај во празничниот дух без никакви ограничувања!

Поврзани статии

Добредојде пролет!

Добредојде пролет!

Кул идеи како да го претвориш дворот во уникатно катче за релаксација. Направи си да ти биде убаво и пријатно и уживај безгрижно

Подготви си го семејството за зимата

Подготви си го семејството за зимата

Што мислите, оваа зима ќе е постудена од минатата? Или можеби зимата ќе трае подолго оваа година? Дали ќе биде снежна?

Избегни го непотребното трошење!

Избегни го непотребното трошење!

Воочи ги грешките и заштеди со тоа што нема да трошиш без причина. Направи си финансиски план и буџетирај ги правилно твоите пари

Освежи го својот дом и ослободи се од непотребните работи!

Освежи го својот дом и ослободи се од непотребните работи!

Ти нудиме неколку совети како да внесеш свежина во својот дом и да создадеш убава атмосфера. Види ги и направи си го домот поубав

Промени во домот за почетокот на годината

Промени во домот за почетокот на годината

Разбери кои се нештата за кои е препорачливо да ги промениш уште во почетокот на Новата Година. Прочитај повеќе за нив во оваа статија.