Врати се назад Статии

Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.

Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.

Возењето велосипед во природа може да биде едно од најослободувачките чувства. Ништо не е поубаво од препуштање во прекрасниот изглед на природата, додека со полни гради вдишуваш свеж воздух. Покрај среќните ендорфини кои твоето тело ќе ги произведе од физичката активност при возењето велосипед, бенефит ќе има и твојот ум кој ќе биде во целосен мир.

Најдоброто нешто во врска со возењето велосипед во природа е тоа што не бара многу, сѐ што ти треба е добар велосипед, кацига и желба за истражување на природата. Откако ќе се подготвиш за авантурата со возење велосипед, останува да се одлучиш на кои места ќе одиш. Ова се нашите предлози:

Рила, Бугарија

rila-bulgaria

Волшебната рилска планина во Бугарија е едно од омилените места за возење велосипед меѓу љубителите на планински велосипедизам. Сезоната за возење велосипед е највисока во јули и август, но летото се протега од јуни до септември, така што сега е одлично време да почнеш со подготовки. Не заборавај да го посетиш врвот Мусала, кој се наоѓа на 2925м надморска височина. Постојат неколку патчиња кои водат до врвот, меѓу кои и патот со гондола од ски-центарот на Боровец. Исто така, тука се и Седумте Езера, високи алпски глацијални езера, како и прекрасниот Рилски Манастир.

Олимп, Грција 

grece-olimp

Олимп е највисоката планина во Грција, вториот највисок планински масив на Балканот. Олимп е едно од местата со најголемо културолошко значење, бидејќи се смета за света планина, обележје на грчката митологија и резиденција на дванаесетте богови на антиката. Прогласена е за национална шума од 1938 година, но е исто така и универзален споменик на културата. Планината на боговите со својата импресивна висина, митска историја и лесна пристапност, претставува атракција за илјадници посетители од секоја страна на светот.

Мариово, Македонија

mariovo-makedonia

Македонија е неисцрпен извор кога станува збор за воодушевувачки предели во природа. Мариово е едно од најубавите, недопрени места за возење велосипед. Можеш да се воодушевуваш во мистериозностa и тишината додека уживаш во возењето со твојот велосипед. Од сите страни си обиколен со прекрасни пејсажи кои те исполнуваат со позитивна енергија и го релаксираат твојот ум.

Доколку сонуваш за возење велосипед на некои подалечни места или пак ти требаат пари за да се опремиш за овој спорт, тука е Credissimo да ти помогне, а твое е само да аплицираш за Credissimo Плус до 80.000 денари или за Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс периодот, а исто така може да го продолжуваш периодот на враќање неограничен број пати!
Со среќа!

Поврзани статии

Врати се назад
Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување
Статии

Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување

Искористи ги нашите совети за да го поминеш одморот ова лето незаборавно! Кампувај, спиј под ѕвездите, изненади ги пријателите со пица

Прочитај
Вози и забавувај се!
Статии

Вози и забавувај се!

Започна сезоната на велосипеди и тоа е перфектниот момент да го искористете убавото време ако немате време за спортски активности

Прочитај
Оваа година - одмор на планина или на море?
Статии

Оваа година - одмор на планина или на море?

Одмор на планина или на море? Разбери кои се предностите на морето, а кои на планината и замини на долго посакуваниот одмор

Прочитај
Планински велосипедизам. Одлична рекреација и супер хоби!
Статии

Планински велосипедизам. Одлична рекреација и супер хоби!

Доколку си љубител на возење велосипед и уживаш во прекрасните планински пејзажи, ти препорачуваме да ја прочиташ нашата нова статија.

Прочитај
Месец јуни е месец на кампувањето!
Статии

Месец јуни е месец на кампувањето!

Кампувај во природа, истражи ги најубавите предели во земјата и стекни нови незаборавни искуства. Види што треба задолжително да земеш.

Прочитај