Вози и забавувај се!

Вози и забавувај се!

Кога времето ќе стане потопло, ако не можете да го издржите метежот во градот и имате желба за подобра линија и подобра кондиција, тогаш е време за возење велосипед.

Не постои подобар и поедноставен начин да го зацврстите своето тело и да направите нешто за него.

Возењето велосипед е одлична опција доколку сте постојано во движење и немате време за спортски активности – додека да стигнете на потребната локација, вие постојано вежбате возејќи.

Го вежбате целото тело

Првенствено нозете и задникот, но бидејќи одржувате рамнотежа со горниот дел од телото – опфатени се и овие мускули.

Ако ви недостига енергија и сила, време е за велосипед. Едно истражување покажало дека возењето ја зголемува нашата енергија за 20 проценти, а го намалува чувството на умор за 65 проценти.

Возењето велосипед исто така ги штеди и вашите зглобови. За разлика од трчањето, со педалите не се оптоварени вашите зглобови.

Внимавајте само седиштето да е добро наместено – вашите нозе не смеат да бидат во исправена состојба, а со подигањето мора да правите агол од 90 степени.

Возењето велосипед го штити вашето срце. Истражувањата покажале дека со возење трипати неделно по половина час – ќе имате подобар крвен притисок и нема да имате проблеми со холестеролот.

Велосипед купувате еднаш и секогаш го имате за себе. Одличен е и за дружење. Се забавувате, а истовремено и си возите.

Испитувањата на експертите укажуваат и на тоа дека употребата на оваа корисна направа со време влијае на подобрување на функцијата на срцето и на здравјето на крвотокот.

За најдобри резултати, најдобро е велосипедот да се вози во природа, каде што организмот ќе внесе доволно количество кислород, а кога возењето во природа временските услови не го дозволуваат, се препорачува собниот велосипед, кој ако го немате во својот дом, достапен е во секој фитнес-центар или сала за вежбање.

Грижете се за своето здравје и искористете го убавото време максимално. Подновете се со нов, квалитетен и модерен велосипед и започнете. Доколку во моментот не сте во можност да купите нов велосипед или, пак, немате велосипед, а имате желба, тогаш Credissimo ќе ви ја исполни. Аплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само 7 минути. Пуштете се во акција со новиот велосипед.

Поврзани статии

Извади го велосипедот од подрумот!

Извади го велосипедот од подрумот!

Време е за пролетни активности! Погледни зошто возењето велосипед наместо автомобил е правилна одлука!

5 книги за нов почеток

5 книги за нов почеток

Доколку сакаш да започнеш нов почеток време е да ги видиш петте предлози за книги кои што ќе ти помогнат полесно да ја постигнеш целта.

Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.

Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.

Ослободи се од секојдневниот стрес и релаксирај се со твојот велосипед на една од следниве блиски дестинации.

Совет за оваа пролет – планинарство

Совет за оваа пролет – планинарство

Видете како полесно да започнете физички активости оваа пролет и навреме да се подготвите за летото кое што ни доаѓа

Планински велосипедизам. Одлична рекреација и супер хоби!

Планински велосипедизам. Одлична рекреација и супер хоби!

Доколку си љубител на возење велосипед и уживаш во прекрасните планински пејзажи, ти препорачуваме да ја прочиташ нашата нова статија.