Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување

Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување

Летото е омилен период за трошење на слободните денови од одморот. Освен стандардиот одмор на море во некоја од соседните земји, постојат и многу други интересни начини како да го искористиш слободниот период. Доколку сакаш физичка активност, уживање во природа, малку возбуда и преживување, тогаш кампувањето е одлична опција за тебе! Кампувањето е еден од најдобрите начини за поврзување со природата. Само ти и неколку блиски одбрани личности, мирот и убавината на природата. Понекогаш тоа е сè што е потребно за да ги заборавиш твоите проблеми и да почнеш одново со полна енергија.

Сепак, пред да заминеш на кампување, има неколку работи кои мора внимателно да ги испланираш.

Најважните прашања - каде, кога, со кого?

Искуствата ги создаваат луѓето, па затоа внимателно избери кој ќе биде твоето друштво во оваа авантура. Кампувањето и природата создаваат потреба за заедничко снаоѓање и преживување што води кон нов начин на зближување со луѓето. Затоа, избери луѓе со кои ќе се чувствуваш најопуштено и слободно. Следна важна одлука е местото каде ќе го поставиш кампот. Во нашата околина има толку многу прекрасни места кои се погодни за кампување, што навистина го прави изборот тежок. Не заборавај да ја провериш временската прогноза за периодот на одморот, бидејќи врнежливото време може само да го уништи твоето искуство.

Спиење под ѕвездите

Кампување со хамок, т.е. нишалка дава сосема друга димензија на целото искуство. Летото и мирното време, како и магичниот поглед на ѕвезденото небо над тебе се одлична шанса да го поставиш твојот хамок и да се препуштиш на убавината на природата. Ако има неколку блиски дрвја кои можеш да ги поврзеш со хамок, тогаш не пропуштај ја шансата да го направиш тоа и да се опуштиш во неговата удобност.  

Мал совет: Одбери хамок кој е дизајниран специјално за спиење, бидејќи тие се направени од посебен материјал кој ќе ти држи доплина и ќе биде удобен за твоето тело додека спиеш.

Пица и сè е совршено!

Изненади ги твоите камп-пријатели со најпосакуваното нешто на светот – пица! Иако пицата изгледа невозможна за правење во камп, сепак, кога се сака, сè се може! Треба само да земеш претходно направено тесто за пица, кое најчесто доаѓа спакувано во туба и може лесно да се приготви на жив оган под отворено небо. Привлечно, нели?

Без разлика дали изборот за одмор ова лето е пливање во море, искачување на планина или кампување, помини си убаво и опуштено без да се грижиш за финансискиот дел и трошоците. Затоа, тука е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и Credissimo плус до 80.000 денари да ти овозможат безгрижно и незаборавно лето за паметење!

Поврзани статии

Создадете приказна за паметење! Животот минува спомените се засекогаш!

Создадете приказна за паметење! Животот минува спомените се засекогаш!

Причини и совети зошто е добро да поседувата барем еден дигитален фотоапарат и како најдобро да го искористите во секојдневието.

Кои се најладните светски дестинации во лето?

Кои се најладните светски дестинации во лето?

Додека сѐ уште размислуваш каде да одиш на одмор, одлучивме да споделиме со тебе дестинации каде најчесто се оди на летување со пониски температури.

Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.

Вљубеник си во велосипедизмот? Погледни ги овие дестинации.

Ослободи се од секојдневниот стрес и релаксирај се со твојот велосипед на една од следниве блиски дестинации.

Летен изглед!

Летен изглед!

Летото е сѐ поблиску, време е да се подготвите физички и психички за топлите денови што ни предстојат

Избери костим за капење според линијата на твоето тело.

Избери костим за капење според линијата на твоето тело.

Сакаш да изгледаш совршено на плажа? Тогаш избери го соодтветниот костим за капење кој најмногу прилега на формата на твоето тело.