Заблескај на матурската вечер и изгледај најмодерно.

Заблескај на матурската вечер и изгледај најмодерно.

Избор на облека, обувки, партнер, организирање прослава во ресторант и што ли уште не... За младите матуранти ова е моментално приоритет и преокупација додека пак, за нивните родители најголема главоболка. Во секој случај, мораме да се согласиме дека матурската вечер е најзборуваната тема овој период. Сѐ уште не знаеш како ќе изгледаш на оваа вечер? Не си единствен. Затоа остани „на линија“ и прочитај ги следниве совети.

Заборави на балските фустани!

Матурската вечер не е бал, ниту пак црвен килим, туку прослава за млади луѓе. Премногу сериозната, балска облека е веќе застарена и воопшто не изгледа модерно и ваквиот изглед останува во минатото. Оваа година актуелни се парчињата кои го истакнуваат младото и „бунтовното“ во тебе, па дозволи си да експериментираш со одредени стилови и да гледаш надвор од „кутијата“. Наместо долг, балски фустан пробај некое шик фустанче со пократок крој или пак кратки спортски пантолончиња кои ќе ги комбинираш со некој пософистициран горен дел. Сега се актуелни спортските фитнес модели на облека, така што нема да згрешиш ако ги вметнеш некое такво парче во твојот целокупен изглед.

Биди свој!

Нема потреба од драстична трансформација на твојот изглед со која твоите соученици нема да можат да те препознаат. Задржи ја твојата автентичност и пробај да бидеш уникатен а истовремено да ги истакнеш твоите добри страни. Најважно е да го избереш тоа што најдобро ти прилега на твојата фигура, лице и карактер. Така, ќе се чувствуваш удобно и самоуверено, а и дефинитивно најмногу ќе се истакнеш и нема да изгледаш како копија.

Удобноста е услов за добра забава!

Се разбира дека ова е последното нешто за кое се грижиш, но на крајот на краиштата она што е навистина важно е да си поминеш убаво и весело на матурската вечер без да се грижиш за тоа дали нешто те боде, те стега или ти прави плускавци. Затоа, не мора да се жртвуваш да изгледаш добро на сметка на убавиот помин за матурската вечер и избери облека и обувки во кои ќе се чувствуваш удобно.

Подготви се за твојата матурска вечер со помош на Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Доколку сепак сакаш да се чувствуваш како крал/кралица на матурската вечер тука е Credissimo плус до 80.000 денари кој ќе ти го подари изгледот кој го замислуваш.

Поврзани статии

Ефективни начини до совршено тело

Ефективни начини до совршено тело

Одбери ги вежбите што најмногу ти одговараат и добиј го посакуваниот изглед.

Доби нов член на семејството?

Доби нов член на семејството?

Добредојде, мало! Еве неколку совети како полесно да организираш прослава, задолжително со мекици!

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

2024 година е „зад аголот“, а веќе на големо се разговара каде ќе се испрати старата и ќе се пречека новата година, која се надеваме дека ќе донесе многу повеќе среќа, љубов и успех на сите полиња.

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Направи кул забава со следниве брзи, едноставни и забавни идеи за новогодишни декорации.

Помини ја Нова Година незаборавно!

Помини ја Нова Година незаборавно!

Се ближи крајот на годината, а ти си решил да ја прославиш надвор од домот и од државата. Кои се најдобри новогодишни дестинации што ќе те изненадат со своите понуди и ќе ја направат вечерта незаборавна?