Врати се назад Статии

Помини ја Нова Година незаборавно!

Помини ја Нова Година незаборавно!

Прочитај повеќе за најдобрите дестинации за пречек на новата година доколку во овој момент си одлучил да ги спакуваш куферите. Ако сакаш да ја дочекаш Новата Година во друг град, погледни ги следниве  дестинации, каде што без сомнение би си поминал одлично.

Париз, Франција

Ако си романтичен, ова е идеална дестинација за тебе. Журката почнува со собирањето на Шанзелизе. Би било пожелно со себе да имаш и шампањ за наздравување со партнерот или со пријателите. Прекрасниот огномет во близината на Ајфеловата кула овие мигови ќе ти ги направи незаборавни.

Њујорк, САД

Пречек на Нова година на Тајм Сквер е една од работите што мораш  некогаш во животот да ја доживееш. Овој милионски град е преполн со настани во текот на целиот ден, до големото финале на полноќ.

Берлин

Берлинците имаат посебна страст кога се работи за огномет, кој често го лансираат од сопствените прозорци и тераси. Токму оваа навика го прави Берлин живописен за време на новогодишната ноќ. Многумина во Берлин ја пречекуваат Нова година на отворено за да може да уживаат во огнометот во целиот градот.

Истанбул

На кое друго место во светот би можел да ја пречекаш Новата Година на два континента истовремено? Без разлика дали прославуваш на европската или на азиската страна, ќе си поминеш феноменално. Илјадници луѓе ги преплавуваат улиците на Истанбул каде што постојаното свирење на возачите дополнително ја зголемува празничната атмосфера.

Амстердам

Во Холандија, новата година се пречекува со шампањ, крофни со јаболка и грозје, како и многу огномети кои го осветлуваат небото на полноќ. По доаѓањето на новата година, голем број луѓе ги преплавуваат улиците, но и баровите од кои поголемиот дел започнуваат со работа токму на полноќ.

Будимпешта

Атмосферата во Будимпешта за време на најлудата вечер во годината е навистина жива. Голем број луѓе се собираат на главните плоштади со цел да ја пречекаат Новата Година. Кога часовникот ќе покаже полноќ, нивната химна почнува да свири и насекаде се точи шампањ, се држат здравици и потоа уживаат во огнометот.

Да бидеме реални, ретко кому му се седи дома за Нова Година, затоа одбери си некоја од овие дестинации, земи си ги најблиските пријатели и помини си најдобро за Нова Година досега.
Ако веќе знаеш каде да одиш, а воедно знаеш дека не си баш при пари во моментот, Credissimo ќе се погрижи за тебе и за твојата желба.  Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати, а ако сакаш да покриеш сместување, пат и пари за прослава само аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и уште сега резервирај си карта.
Среќна Нова каде и да одиш!

Поврзани статии

Врати се назад
Детоксикација после празниците? Да, може!
Статии

Детоксикација после празниците? Да, може!

Празниците носат изобилство на вкусни задоволства. Секојдневната консумација на храна и пијалаци може да доведе до тоа да се почувствуваш летаргично.

Прочитај
Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!
Статии

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Направи кул забава со следниве брзи, едноставни и забавни идеи за новогодишни декорации и помини си ја новогодишната вечер незаборавно

Прочитај
Оваа година - одмор на планина или на море?
Статии

Оваа година - одмор на планина или на море?

Одмор на планина или на море? Разбери кои се предностите на морето, а кои на планината и замини на долго посакуваниот одмор

Прочитај
Најмагичните божиќни базари во светот
Статии

Најмагичните божиќни базари во светот

Дали знаеш кои се најпопуларните и најпосетени божиќни базари во светот? Види ја нашата листа! Види ги и ако можеш посети ги

Прочитај
Доби нов член на семејството?
Статии

Доби нов член на семејството?

Добредојде, мало! Еве неколку совети како полесно да организираш прослава, задолжително со мекици! Види ги советите и примени ги

Прочитај