Врати се назад Статии

Кои се најладните светски дестинации во лето?

Кои се најладните светски дестинации во лето?

Сигурни сме дека бараш спас од тропските горештини во најтоплите месеци од годината. Додека сѐ уште размислуваш каде да одиш на одмор, одлучивме да споделиме со тебе дестинации од вообичаените туристички места каде најчесто се оди на летување во едни доста попријатни временски услови со пониски температури.

Продолжи да читаш и дознај кои се најладните земји во светот од јужната хемисфера, кои во текот на летото немаат тропски температури oд 40+ степени и наместо традиционално летување, нудат зимување во лето.

Австралија

Фолс Крик ресортот во Викторија е едно од најладните места во светот со моментална температура од само 2 Целзиусови степена. Таму сега е периодот на зимски лудории и скијање, а ресортот нуди околу 90 скијачки патеки на кои може да уживаат помалку искусните  и почетниците.

Доколку одлучиш да одмориш од летните горештини и да ја посетиш оваа примамлива дестинација, подготви се да патуваш со зимска облека и опрема за скијање, а костимот за капење ќе го користиш само во сауна или џакузи со топла вода во некој од луксузните хотели кои се наоѓаат во овој ресорт.

Аргентина

Во Аргентина има едно гратче по име Сан Карлос де Барилоче, каде овој период дневната температурата е околу 7 Целзиусови степени. Се наоѓа во Патагонскиот Регион и ги нуди најдобрите скијачки центри во земјата.

Поради архитектурата, овој град наликува на европските градови кои се во подножјето на Алпите, а доколку е твојата следна дестинација која планираш да ја посетиш, не заборавај да ги пробаш нивните превкусни чоколадни специјалитети.

Лесото

Планиското Kралство сместено во јужниот дел од Африка, е едно од ретките дестинации за разладување со ски-ресорт на овој континент во периодот од јуни до септември.

Во овој период температурата се движи околу 17 целзиусови степени, па во вакви случаи кога не е доволно ладно за да има снег, домаќините користат вештачки снег за да ја доловат зимската авантура.

Чиле

Ентузијастите за скијање кои немаат намера да чекаат зима за да скијаат, често се упатуваат кон оваа јужноамериканска земја, па ако си ти еден од нив, тогаш градот Сантијаго е токму за тебе.

Опколен од Андите со температура од околу 11 Целзиусови степени во овој период од годината, овој прекрасен град ти нуди време совршено за тебе кога си во потрага по спас од горештините.

Бразил

Во еден од најголемите градови во јужниот дел од Бразил, Куритиба,  најпријатната температура е околу 21 Целзиусови степени, совршено за долги прошетки и поминување низ сите туристички атракции.

Можеби нема скијачки центри, но градот е познат како еден од најеколошки развиените градови во Јужна Америка, преполн со паркови и богати шуми, за целосно егзотично доживување на земјата на Кариоките.

 

Сега, кога научи повеќе за најладните туристички дестинации кои нудат умерени температури во лето, ти остана уште да одбереш кое место прво ќе го посетиш.

А, доколку ти недостасуваат финансии за да доживееш едно поинакво летување, немој да се грижиш, бидејќи тука е Credissimo да ти помогне да си го оствариш сонoт. Само опуштенооо...

Поврзани статии

Врати се назад
Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување
Статии

Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување

Искористи ги нашите совети за да го поминеш одморот ова лето незаборавно! Кампувај, спиј под ѕвездите, изненади ги пријателите со пица

Прочитај
Летото е време за авантури и нови искуства!
Статии

Летото е време за авантури и нови искуства!

Исполнете си го времето со забавни активности додека сте на одмор, а ако не сте сигурни како, може да се инспирирате од нашата нова статија.

Прочитај
Најубавите дестинации за кампување со шатор
Статии

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Провери кои се нашите предлози за алтернативно летување во формата на кампување со кои не можеш да погрешиш!

Прочитај
Одиш на море? Пресметавме колку пари ќе ти требаат!
Статии

Одиш на море? Пресметавме колку пари ќе ти требаат!

Летниот одмор не е луксуз, туку потреба. Со цел да ти помогнеме во пресметката, даваме одговор на прашањето колку се очекува летово да чини еден одмор

Прочитај
Ајде по риба!
Статии

Ајде по риба!

Ловењето риба е исклучително релаксирачко хоби, кое ќе те научи на трпение, ќе ти створи навика и ќе ти пробуди желба за константно подобрување.

Прочитај