Летото е време за авантури и нови искуства!

Летото е време за авантури и нови искуства!

Летото пристигна и сите размислуваме за одмор и кои дестинации ќе ги посетиме.
Каде и да отидеме, сакаме да имаме незаборавни искуства и многу забава.
Тоа може да се постигне со посетување на местa на кои има многу забава или пак, некаде каде што би можеле да стекнеме нови искуства преку летни активности што досега не сме ги испробале.
Неколку совети од нас како ова лето да го поминете колку што е можно поинтересно и позабавно.

Пливање

Основната и омилената физичка активност за многу, важи за една од најздравите. Иако за време на летните денови сакате да уживате во морето, на плажите и во забавата, пливањето како рекреација многу позитивно влиаје на вашето тело и ги зацврстува мускулите.

Со пливањето се движи секој мускул на телото, вклучувајќи го и оној најважниот- срцето. Пливањето го зацврстува срцето и го стимулира пумпањето со што се подобрува циркулацијата на телото.

Пливањето е физичка активност која многу позитивно влијае на здравјето и тоа со следните бенифиции:

  • Здравје на срцето
  • Влијае на мускулната маса и силата
  • Капацитет на белите дробови
  • Здравје на зглобовите
  • Пливањето согорува калории

Планински велосипедизам

Маунтинбајкингот не е само обично возење велосипед. Може да ви опишуваме како е да се вози велосипед во дивината, но бадијала е. Колку и да се трудиме, чувството што ќе го добиете ако се обидете, секако ќе биде подобро од тоа што некој ви го опишувал. Тука ќе ви дадеме само неколку причини кои треба да ве убедат за побрзо да посегнете по велосипедот и да побрзате во природа.
Тоа е авантура, ќе откриете нови места или стари места на нов начин, одлична вежба за телото и добар е за психичкото здравје.

Едрење

Овој спорт или го сакате или не, трето нема. На морето и на ветерот или им се поклонувате или не.

Џет-ски

Совршена активност за тие што уживаат во екстремните спортови.
Уживајте во брзината и ќе почувствувате возбуда при возење на овие моќни машини.

Сурфање на ветер

Може да се препуштите во брзината на различните техники на сурфањето на ветер, слалом или слободен стил. Најдобриот период за сурфање е од јуни до септември.

SUP (Standup Paddleboarding)

Слично како и многу други интернационализми, ова не би можело да се преведе конкретно на македонски. Меѓутоа, овој термин се користи за спортот на вода кој вклучува штица, со пропорции соодветни да издржи човек (или двајца) во исправена положба, додека движењето се остварува со помош на весло.
Овој спорт е еден од најбрзорастечките по критериумот на популарност, а тоа се должи на версатилната намена на штиците кои им овозможуваат забава и рекреација и на тие што не поседуваат особени вештини. SUP- штиците може да се користат на мирни води, но и на отворени океански пространства. Може да се користат за рибарење, практикување јога, талкање по водните површини или јавање на бранови.

Одберете што најмногу ви одговара за ова лето да го поминете незаборавно, а ако имате проблем со финансиите и барате поевтино место за летување, или пак овие спортови ви изгледаат прескапо за да ги искусите, тогаш немате никаков проблем затоа што Credissimo веднаш ќе го реши тоа. Aплицирајте за Credissimo до плата и земете го секој 1-ви и 5-ти кредит во износ до 12.000 ден. со 0% камата или земете Credissimo плус до 80.000 денари и заборавете на проблемот со пари, одберете место, забавна активност и препуштете ѝ се на летната авантура.

Поврзани статии

Патување во Грција со автомобил: документи, казни и совети

Патување во Грција со автомобил: документи, казни и совети

Патувате во Грција со автомобил? Проверете зелен картон, казни, задолжителна опрема и како да го испланирате буџетот со Credissimo.

Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Имаш прашања за овој тип на одмор и сеуште немаш одговор? Не грижи се, ние ги покривме сите теми околу All Inclusive одморот во нашата статија.

Совет за оваа пролет – планинарство

Совет за оваа пролет – планинарство

Видете како полесно да започнете физички активости оваа пролет и навреме да се подготвите за летото кое што ни доаѓа

Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Новиот феномен којшто се раѓа во светот се нарекува „одмаздничко патување“ и во превод значи патување и откривање на нови места после пандемијата

За зависниците од адреналин - најпосакуваните дестинации за нуркање

За зависниците од адреналин - најпосакуваните дестинации за нуркање

Ако си љубител на морскиот свет и сакаш да пробаш нешто ново, тогаш нуркањето е спорт за тебе! Види ги најинтересните нуркачки места