Како најдобро да го искористиш продолжениот викенд?

Како најдобро да го искористиш продолжениот викенд?

Нешто што секој од нас го знае напамет се дефинитивно датите на продолжените викенди во текот на целата година. Слободен ден плус, без да искористуваш одмор, зар има нешто подобро од тоа? Така и овој викенд се поклопи совршено, па сите со нетрпение чекаме да дојде крајот на работното време. Доколку сè уште се двоумиш како да го поминеш викендот, ние сме тука да ти помогнеме!

Секако, не мораш да го планираш секој момент од викендот, но препорачливо е да планираш неколку активности кои ќе ти ја вратат енергијата и ќе направат да се чувствуваш поисполнето.

1. Одмор значи одмор!

Без двоумење, патувањата, кампувањата и останатите активности за викенд можат да бидат многу забавни, но исто така ти одземаат време за организација. Доколку се чувствуваш исцрпено и немаш енергија за планирање, ова може само да те измори уште повеќе и да донесе обратен ефект од тоа што го посакуваш во слободните денови – а, тоа е да одмориш! Наместо да го правиш тоа, можеш да планираш активности кои се поблиску до местото каде живееш, па дури и ако тоа е само прошетка во паркот, или семеен ручек во некој близок ресторан.

2. Исклучи ги дигиталните уреди

Преголемата изложеност пред екраните на смартфоните, компјутерите и другите дигитални уреди може да влијае на многу негативни начини за кои најчесто не сме ни свесни. Може да предизвика појава на негативни мисли, анксиозност, стрес и депресија, па затоа препорачливо е за време на слободните денови што почесто да избегнуваме употреба на дигитални уреди кога нема потреба. На тој начин ќе си овозможиш вистински одмор за време на продолжениот викенд, а исто така ова ќе помогне да ти се намали стресот и да ти се подобри квалитетот на спиењето.

3. Заврши го она што досега си го одложувал!

Сите имаме некои обврски кои постојано повторуваме дека треба да ги завршиме но, „немаме кога“. За среќа, сега имаш продолжен викенд и дури 3 дена да ги завршиш сите овие активности! Ова може да биде одлична прилика да го исчистиш подрумот, да ја обновиш гарнитурата, да ја прочиташ книгата која одамна ти стои на бирото или пак да се видиш со луѓето со кои веќе со месеци планираш да пиеш кафе.

4. Конечно, наспиј се!

Иако звучи нелогично, многу од луѓето ја потценуваат важноста на сонот. Ако си еден од нив, тогаш остани дома и искористи ги слободните денови да се наспиеш.

Недостатокот на сон води кон депресија, анксиозност, иритабилност и многу други здравствени проблеми. Добриот сон ја подобрува меморијата, расположението и целокупното здравје. Затоа, не излегувај од дома и не продолжувај со останатите активности додека не се наспиеш!

Без разлика дали ќе ги искористиш слободните денови од продолжениот викенд за одмор во тишина, или пак да доживееш ново искуство и да прошеташ некаде, Credissimo те поддржува во сите твои одлуки. Избери „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или „Credissimo плус" до 80.000 денари и подари си ја релаксацијата која си ја заслужил после долгиот и напорен период.

Поврзани статии

Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Се што некогаш те интересирало за All Inclusive одмор - Credissimo

Имаш прашања за овој тип на одмор и сеуште немаш одговор? Не грижи се, ние ги покривме сите теми околу All Inclusive одморот во нашата статија.

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Провери кои се нашите предлози за алтернативно летување во формата на кампување со кои не можеш да погрешиш!

Кои се најладните светски дестинации во лето?

Кои се најладните светски дестинации во лето?

Додека сѐ уште размислуваш каде да одиш на одмор, одлучивме да споделиме со тебе дестинации каде најчесто се оди на летување со пониски температури.

Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Новиот феномен којшто се раѓа во светот се нарекува „одмаздничко патување“ и во превод значи патување и откривање на нови места после пандемијата

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Неколку корисни совети како да заштедите и да имате неверојатен одмор за паметење ова лето. Прочитај ги советите и примени ги