Врати се назад Статии

Детоксикација после празниците? Да, може!

Детоксикација после празниците? Да, може!

Празниците носат радост, смеа и изобилство на вкусни задоволства. Секојдневната консумација на храна и пијалаци за време на празниците може да доведе до тоа да се почувствуваш летаргично и да имаш потреба од постпразнична детоксикација. Ако си подготвен да ја започнеш новата година со обновена енергија и виталност, прочитај ги нашите совети за тоа како да го прочистиш твојот организам после празниците.

Хидратацијата е многу важна!

Првиот чекор за ефикасна детоксикација е правилната хидратација. За време на празниците се консумираат алкохолни и други засладени пијалаци што доведуваат до дехидратација. Зголеми го консумирањето на вода на дневно ниво. Можеш да си направиш вода со цеден лимон или друго цитрусно овошје, доколку сакаш дополнителен вкус. За да ги исфрлиш токсините и да го зголемиш нивото на енергија, се препорачува консумација на 8 до 9 чаши вода на дневно ниво.

Консумирај храна богата со хранливи материи!

Замени ја тешката празнична и калорична храна со супи и салати со секој оброк. Консумирај овошје и зеленчук што е можно почесто. Во секојдневните оброци вклучи храна за детоксикација, како што се: кељ, спанаќ, бобинки и лук. Овие продукти се богати со антиоксиданси и растителни влакна, го стимулираат варењето на храната и ги поддржуваат природните процеси за детоксикација на твоето тело.

Уживај во храната што ја јадеш!

Јади бавно и уживај во консумирањето на храната, притоа придавајќи им поголема важност на вкусовите и текстурите на храната што ја внесуваш. За да може уживањето да биде целосно, додека се храниш не гледај телевизија и не гледај во твојот телефон. Ваквиот начин на хранење ќе го подобри варењето на храната, а, воедно, може да спречи и прејадување.

Движи се активно!

Физичката активност е добар начин за зајакнување на твојот метаболизам и дополнително помага во детоксикацијата. Рекреирај се секојдневно без разлика дали тоа е брзо одење, јога или вежбање со висок интензитет. Потењето помага да се елиминираат токсините од телото, а вежбањето ќе го подобри расположението и нивото на енергија.

Дај му приоритет на сонот!

Квалитетниот сон е клучен за целокупната детоксикација. Воспостави си постојана рутина за легнување и будење во едно исто време секој ден. Медитирај пред спиење, читај книга или прави си вежби за релаксација. Сонот му овозможува на твоето тело да се регенерира и подмладува, поддржувајќи ги неговите природни процеси на детоксикација.

Редовно пиј чаеви за детоксикација!

Потребно е во твојата дневна рутина, да вклучиш консумација на чаеви од билки. Зелениот чај, чајот од глуварче и чајот од ѓумбир се познати по нивните детоксикациски својства. Тие може да помогнат да се исфрлат токсините од телото и да се намали воспалението доколку во организмот имаме таков процес.

Важна е и дигиталната детоксикација!

Не заборавај дека детоксикацијата не се однесува само на телото, треба да се детоксицира и умот. Одмори се од социјалните мрежи и постојаната стимулација на екраните. Искористи го ова време за да се вклучиш во релаксирачки активности како што се читање, медитација или поминување квалитетно време со саканите.

Започни ја новата година со нови навики. Ревитализирај си ги телото и умот! Примени ги овие совети и започни ја годината со подобра енергија !

Поврзани статии

Врати се назад
Твоите цели и замисли за 2021
Статии

Твоите цели и замисли за 2021

Списокот со новогодишни ветувања е одличен начин да се фокусираш на желбите кои одамна сакаш да ги оствариш.

Прочитај
Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!
Статии

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Направи кул забава со следниве брзи, едноставни и забавни идеи за новогодишни декорации и помини си ја новогодишната вечер незаборавно

Прочитај
5 книги за нов почеток
Статии

5 книги за нов почеток

Доколку сакаш да започнеш нов почеток време е да ги видиш петте предлози за книги кои што ќе ти помогнат полесно да ја постигнеш целта.

Прочитај
Безгрижен предновогодишен празничен шопинг
Статии

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Нова Година. Божиќ. Фамилија. Веселба. Јадење, пиење... Слика на полно блаженство. Но, додека да стигнеме до таму, повеќето поминуваме низ пекол.

Прочитај
Прослави го Божиќ на свој начин
Статии

Прослави го Божиќ на свој начин

Доаѓа периодот од годината во кој сите со нетрпение ги очекуваме Новогодишните и Божиќните празници.

Прочитај