Врати се назад Вести

Лила Филиповска е новото заштитно лице на Credissimo Македонија

Лила Филиповска е новото заштитно лице на Credissimo Македонија

Откако нашата најпопуларна водителка Лила Филиповска објави на својот Инстаграм и Фејсбук профил, слика од својата дланка со веренички прстен, многумина останаа вчудоневидени и изненадени, дали Лила реши и по трет пат да прави свадба и секако најважно, кој е среќникот.

Всушност Лила Филиповска ќе биде нашето ново заштитното лице во нашата нова рекламна кампања.

“Чест ми е да најавам дека потпишавме договор со Лила Филиповска која стана наше заштитно лице во Македонија. Ние во Credissimo секогаш сме знаеле да ги препознаеме вистинските ѕвезди, oсобено оние со богата долгогодишна кариера. Лила е духовита, ведра и успешна во она што го работи, токму поради тоа одлично се вклопи во нашиот концепт. Навистина сум задоволен од тоа како течеше целиот процес на подготовка на целата кампања. За мене е многу значајно тоа што го имавме замислено како идеја, сега е реализирано како готова кампања која штотуку започна а ќе трае до крајот на годината”, изјави Горги Руков - директор за меѓународен развој во Credissimo.

Новата рекламна кампања продолжува со истиот комуникациски подфат, каде што се представуваат непријатни ситуации со комична смисла, во која Лила Филиповска е последната “жртва“. Преку скоро нереални ситуации, таа ни дава до знаење дека излезот од било кој финансиски проблем може да се најде со помошта на Credissimo.

Соработката со Лила ќе трае една година. Во рамките на тој период нашата омилена водителка ќе биде дел од рекламни кампањи на различни продукти и услуги на Credissimo, вклучувајќи и различни телевизиски реклами, печатни материјали и друго.

Лила Филиповска ќе биде заштитно лице на соодветни иницијативи поврзани со позиционирањето на компанијата, како лидер во небанкарското кредитирање, со тоа што ќе учествува и во презентирање на ексклузивна содржина за фановите на Credissimo во социјалните мрежи.

“Благодарам на Credissimo коишто ме ангажираа за оваа соработка. Ми претставува огромна чест и задоволство што токму Credissimo ќе биде мојот бренд партнер во наредната година и воедно сум среќна што ќе го приближам брендот до македонскиот пазар. Дел од активностите од кампањата веќе беа презентирани пред јавноста, а со задоволство можам да кажам дека следуваат уште многу изненадувања кои заеднички ги подготвивме”, изјави Лила Филиповска.

Оваа кампања е само почеток на иницијативата “Доста е со глупости!” од нашето партнерството со Лила Филиповска, на кое идеjата е да и покаже на јавноста дека секогаш има полесен и побрз начин да дојдете до пари, одбегнувајќи ги застарените методи.

Поврзани статии

Врати се назад
Чувај ги ситните пари - 1 денар рата во Credissimo
Вести

Чувај ги ситните пари - 1 денар рата во Credissimo

Со еден денар не може да купиш ништо, ниту во супермаркет, ниту во аптека, ниту во трафика. Но, со само еден денар може да платиш едномесечна рата во Credissimo

Прочитај
Рефинансирање на кредит
Вести

Рефинансирање на кредит

Доколку имаш потреба и да го немаш вратено веќе земениот кредит, за нас е во ред да направиш рефинансирање на кредит.

Прочитај
Итно ти требаат пари? Credissimo веќе одобрува до 80 000 денари
Вести

Итно ти требаат пари? Credissimo веќе одобрува до 80 000 денари

Веќе можеш да земеш до 80 000 денари само со неколку клика. Аплицирај уште сега само со неколку клика!

Прочитај
Credissimo до плата - секој прв заем од 3 000 до 12 000 денари е без камата со грејс период од 15 дена
Вести

Credissimo до плата - секој прв заем од 3 000 до 12 000 денари е без камата со грејс период од 15 дена

Земи го твојот прв Credissimo до плата - целосно онлајн, во 3 чекори со 0% камата и без административни трошоци

Прочитај
Credissimo - ФинТек компанија, која вложува во иновациите
Вести

Credissimo - ФинТек компанија, која вложува во иновациите

Ќе те запознаеме малку подетално со FinTech индустријата во Македонија, посочувајќи за пример еден од лидерите во областа на микрокредитирањето - Credissimo

Прочитај