Врати се назад Статии

Сите обичаи пред и за време на Велигденските празници

Сите обичаи пред и за време на Велигденските празници

Доколку Божиќ претставува еден од најрадосните денови во христијанството, бидејќи на светот се појавил „Месијата“, Велигден претставува тажен, но воедно и среќен ден, бидејќи Христос ја победил смртта преку своето жртвување и патење.

Можеби добро ти се познати велигденските јајца, постењето, како и кршењето со јајца по 00:00 часот во сабота наспроти недела. Но, пред Велигден и за време на велигденските празници постојат уште многу обичаи кои повеќе или помалку се познати меѓу народот.
За да можеш подобро да се подготвиш за претстојниот празник, подготвивме листа на неколку обичаи. Прочитај ги сите!

Вапсување јајца

Јајцето е симбол на обновувањето на природата и животот.
Вапсувањето велигденски јајца е еден од најубавите и најрадосните обичаи, кој не се искоренил. Според долговечната традиција јајцата се вапсуваат во четврток наутро пред изгревањето на сонцето. Првото вапсано јајце се чува до наредниот Велигден и истото се вика чувар на домот.
Симболиката на вапсувањето јајца е во спомен на света Марија Магдалена, девојката која постојано била со Богородица за време на страдањата на Исус. По воскреснувањето, Исус за прв пат ñ се појавува на Марија Магдалена која потоа патува во Рим да го проповеда Евангелието, додека при посетата на царот Тиберија како новогодишен поклон му подарила црвено јајце и го поздравила со зборовите:
Христос Воскресе!

Црвената боја симболизира невино пролеана крв, исторемено и од тој момент се карактеризира како боја на воскресувањето, бидејќи нема воскресение без смрт и страдање. Постои обичај пред Велигден, верникот да се капе со црвено јајце, поминувајќи по целото телото со јајцето, а во некои делови од нашата татковина - мајката или најстарата жена во фамилијата во четврток наутро со штотуку вапсани црвени јајца, кои уште се топли, ги допира образите на децата за да им бидат румени во текот на целата година.  

Велики Петок

На Велики Петок, се слават спомените од Христовото распнување на крстот, обичајот е по бакнувањето на иконите, верниците да се протнат под масата на која е поставено платно на кое е насликан Исус Христос. По некое верување се смета дека за време на протнувањето под масата, верниците треба да се помолат и да замислат желба и ќе им биде исполнета.
На овој ден се започнува со подарување на вапсани јајца.

Славење на Воскресението

Во сабота, по полноќ се слави Христовото воскресение. По биењето на камбаните кои го навестуваат големиот празник, и по молитвата  верниците меѓусебно се поздравуваат со зборовите: Христос Воскресе, и Навистина Воскресе,и со овој поздрав пожелно е верниците да се поздравуваат до празникот Спасовден.
Откако ќе се поздрават луѓето традиција е кршење на вапсани јајца кои се носат со себе за време на молитвата пред полноќ, по што завршува постот и препорачано е истиот да се прекине со јадење на вапсано јајце.

Кршење со јајца

Традицијата вели дека во секое домаќинство на масата треба да е поставена кошница полна со вапсани јајца во сите бои. Најпрво, домаќинот зема јајце па потоа дели на сите останати. За време на свечениот велигденски ручек се верува дека за здравје најпрво ручекот се започнува со едно вапсано јајце, па потоа со сѐ друго останато.
На секој гостин кој ќе дојде во домот, најпрво, треба да му се даде вапсано јајце.

Понеделник по Велигден

Првиот понеделник по Велигден се верува дека е потребно да се посетат гробовите на вашите најблиски и денот се обележува како Задушница. Се палат свеќи и се врши помен за покојните души, додека се носат и се поставуваат вапсани јајца на гробот и се делат на оние најсиромашните кои немаат за храна.

Најпознати обичаи:

  • За Велигден се станува рано наутро, а НЕ се оди на спиење пред полноќ.
  • Наутро да се измиете со вода во која има дрен, здравец, босилек и црвено јајце.
  • Се верува дека доколку на челото на децата се помине со црвено јајце, истото ќе придонесе за здравје во текот на целата година.
  • На децата во недела наутро им се кријат јајцата низ домот и дворот, а откако ќе ги најдат за нив следува награда, подарок од родителите.
  • За Велигден се подготвуваат слатки лебови, со црвено јајце во средина, познати како милиброд или козињак во западните делови на земјата.
  • Јајцето кое ќе остане нескршено за време на велигденските денови, се нарекува „кршаче“ и истото се чува до следниот Велигден.

  • Дали пропуштивме некој обичај кој се практикува во твоето семејство или во твојот крај? Пиши ни го во коментар на социјалните мрежи и запомни, кај и да си секогаш за Велигден дома да си!

Поврзани статии

Врати се назад
Прослави го Божиќ на свој начин
Статии

Прослави го Божиќ на свој начин

Доаѓа периодот од годината во кој сите со нетрпение ги очекуваме Новогодишните и Божиќните празници.

Прочитај
Велигденска подготовка - како да се справиме со трошоците
Статии

Велигденска подготовка - како да се справиме со трошоците

Совети и идеи како да ги поминеме Велигденските празници евтино и со богата трпеза. Разлика помеѓу желбите и традицијата

Прочитај
5 дестинации за велигденско патување во Македонија
Статии

5 дестинации за велигденско патување во Македонија

Велигден е дефинитивно еден од совршените празници за да избегаш од секојдневната рутина и да уживаш во неколкудневна прошетка со семејството или друштвото

Прочитај
Детоксикација после празниците? Да, може!
Статии

Детоксикација после празниците? Да, може!

Празниците носат изобилство на вкусни задоволства. Секојдневната консумација на храна и пијалаци може да доведе до тоа да се почувствуваш летаргично.

Прочитај
7 необични традиции за Божиќ во светот
Статии

7 необични традиции за Божиќ во светот

Прoчитај и научи повеќе за 7 необични традиции поврзани со прославувањето на Божиќ низ државите во светот

Прочитај