Врати се назад Статии

За зависниците од адреналин - најпосакуваните дестинации за нуркање

За зависниците од адреналин - најпосакуваните дестинации за нуркање

Се чувствуваш преморено и ти е доста од секојдневната монотонија? Тогаш нуркањето под вода е добра идеја за одмор. Можеш да се ослободиш од сите стресови и грижи кои постојат на копното и да доживееш комплетно нов свет. Водната површина на земјата е големо и мистериозно пространство кое постои за нас и ни дава можност да истражуваме и да доживееме многу нови нешта кои ќе ни го сменат начинот на гледање на работите. Ни дава простор за ново физичко и ментално искуство кое не оддалечува од телефоните и не враќа во допир со природата. Затоа, пакувај ја опремата за нуркање, те носиме на патување на најинтересните нуркачки места во светот!

Бодрум, Турција

bodrum diving

Освен тоа што е совршен за патување и одмор, Бодрум e идеално место со кристално чистa вода. Со својот широк спектар на морски живот и пештери, гребени, потонати бродови, па дури и потонат авион, полуостровот нуди возбудлив подводен свет полн со авантура. Постојат 20-25 места кои најчесто се користат во дозволената рекреативна зона за нуркање која се протега помеѓу островот Орак до западните карпести островчиња Карг. Се на се, Бодрум е место кое нуди голем број можности за создавање уникатни и незаборавни искуства и спомени!

Зенобиа, Кипар

zenobia

Со пријатна температурa на водата над 25 степени која останува дури до октомври, Кипар има подолга сезона за нуркање одошто повеќето од неговите конкуренти во регионот. Транспарентноста на морето, која е најважна за добро нуркање, е импресивна, со тоа што водата е кристална и на повеќе од 30 метри длабочина. Името Зенобиа доаѓа од бродот Зенобиа кој потонал во 1980 година и е една од најпознатите нуркачки атракции во светот. Доколку сакаш да доживееш нешто ново и предизвикувачко наместо класичен одмор ова лето, ова е идеалниот избор за тебе!

Малта

malta diving

Кристално синото медитеранско море на Малтешките Острови е идеално за нуркање. Сите три острови нудат уникатно искуство за нуркање со изобилство на гребени, пештери и урнатини. Спокојот и јасноста на морето со неговата одлична видливост е совршено за сите нуркачи, бидејќи ризикот да се сретнеш со опасни риби е екстремно низок.

Подари си одмор и избегај од секојдневниот стрес со патување на некое невообичено нуркачко место со Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, или Credissimo плус до 80.000 денари кои ќе ја задоволат твојата желба за возбуда и адреналин!

Поврзани статии

Врати се назад
5 финансиски грешки кои ги правиме во лето
Статии

5 финансиски грешки кои ги правиме во лето

Сонце, море, плажа! Тоа се најчестите синоними за летото, омилениот период од годината за многумина. Утрата започнуваат рано, деновите траат долго.

Прочитај
Научи паметно да трошиш додека патуваш!
Статии

Научи паметно да трошиш додека патуваш!

Кога посетуваш некое место помини си колку што е можно подобро, но и не троши многу пари. Еве неколку совети за тоа како треба паметно да трошиш.

Прочитај
Направи добар план на трошоците и патувај без грижи!
Статии

Направи добар план на трошоците и патувај без грижи!

Уживај во патувањето без тензии. Прочитај ги нашите совети и патувај безгрижно каде и да одиш. Среќен пат и пријатно патување.

Прочитај
Најубавите дестинации за кампување со шатор
Статии

Најубавите дестинации за кампување со шатор

Провери кои се нашите предлози за алтернативно летување во формата на кампување со кои не можеш да погрешиш!

Прочитај
Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка
Статии

Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка

Eсенскиот период е идеален за патување. Времето е создадено за прошетки во кои максимално ќе уживаш во магичните пејзажи со портокалова и златна боја

Прочитај