Врати се назад Статии

Необични идеи за позабавен роденден на твоето дете

Необични идеи за позабавен роденден на твоето дете

Се ближи роденденот на твоето дете и немаш никаква идеја како да ја организираш забавата. Уживај, не си единствен! Децата се најискрени кога станува збор за кажување на своето мислење, па доколку не ја организираш роденденската забава по нивен вкус, знаеш дека ќе добиеш „кисела“ реакција. Сепак, гледај на посветлата страна. Има толку многу детски теми на кои може да биде организиран роденденот и кои лесно ќе ги импресионираат дечињата присутни на забавата.

Одиме на авантура

Тематската забава со џунгла и кампинг е секогаш хит кај децата, па ова ти е опција за роденденска забава со која дефинитвно не можеш да погрешиш! Направи покани на кои ќе напишеш дрес-код, односно децата ќе доаѓаат облечени како животни или, пак, ако си во можност, обезбеди вакви костими. Забавата можеш да ја организираш надвор, каде што ќе биде запален камперски оган и ќе се прави скара на огнот под отворено небо. Децата ќе уживаат, а тебе ќе ти биде задоволство да ја гледаш насмевката на нивните лица.

Уметничка забава

На детската фантазија ѝ нема крај. Разбуди го креативецот во децата така што ќе организираш уметничка забава за роденден на која тие ќе имаат можност за експресија на своите идеи. Направи мини предизвик каде што секое дете ќе треба да направи портрет на друго дете кое ќе му се падне по случаен избор. Исто така, можеш да донесеш бои за храна со кои децата ќе може да обојат мафини како што тие замислуваат. Ова е одличен начин да ги вклучиш децата во креативна активност, која е истовремено и многу забавна.

Филмска вечер!

Ова е роденденска забава што сите ќе ја обожаваат! Можеш да ја организираш и на затворено и надвор, а сѐ што ти треба се неколку ќебенца, перничиња, добар класичен детски филм и мнооогу пуканки! Можеш исто така да испечатиш билети што ќе направат децата да се чувствуваат како да се во вистинско кино. Тие ќе се забавуваат, а ти ќе уживаш додека мирно и сконцентрирно гледаат во филмот.

Децата се најголемата радост и нивната насмевка е тоа што нè прави најсреќни! Подари му го најуникатниот роденден на твоето најмило и тоа засекогаш ќе го помни! Доколку немаш буџет за тоа, тука е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци. А, во случај да сакаш да организираш голема роденденска забава со многу гости, тука е Credissimo плус до 80.000 денари, кои ќе го направат твоето дете најсреќно на свет!

Поврзани статии

Врати се назад
Помини ја Нова Година незаборавно!
Статии

Помини ја Нова Година незаборавно!

Се ближи крајот на годината, а ти си решил да ја прославиш надвор од домот и од државата. Кои се најдобри новогодишни дестинации?

Прочитај
Месец јуни е месец на кампувањето!
Статии

Месец јуни е месец на кампувањето!

Кампувај во природа, истражи ги најубавите предели во земјата и стекни нови незаборавни искуства. Види што треба задолжително да земеш.

Прочитај
Бидете дел од најдобрите европски фестивали!
Статии

Бидете дел од најдобрите европски фестивали!

Ако сте љубители на концерти и фестивали, оваа статија е за вас. Прочитајте кои се најдобрите светски фестивали и уживајте во потполно ново ниво на забава.

Прочитај
Создадете приказна за паметење! Животот минува спомените се засекогаш!
Статии

Создадете приказна за паметење! Животот минува спомените се засекогаш!

Причини и совети зошто е добро да поседувата барем еден дигитален фотоапарат и како најдобро да го искористите во секојдневието.

Прочитај
Купете божиќен подарок за баба и дедо, ќе се радуваат како деца
Статии

Купете божиќен подарок за баба и дедо, ќе се радуваат како деца

Не дозволувајте парите да бидат пречка да ја покажете љубовта на начин на кој тие тоа го заслужуваат

Прочитај