Врати се назад Статии

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Иако не треба тоа да е единствениот ден, Денот на жената е одлична прилика да им се заблагодариш на жените за нивниот значителен придонес во твојот живот. Без разлика дали тоа е возбудливо патување за 8-ми март, парче накит, роза или пак едноставен и мал подарок, важно е вниманието кое ќе го покажеш со овој акт. Сакаш да покажеш колку ти значи таа жена, но не знаеш како? На вистинскиот пат си, продолжи да читаш.

Нема подобар подарок од мал одмор!

Да се биде жена е напорна работа. Секоја од нив чувствува потреба од добивање мало признание и одмор од исполнување на улогата на нежна и разбирлива сопруга, добар работник или вредна домаќинка. Замисли го изразот на нејзиното лице кога ќе дознае дека си се сетил да и подариш платен викенд аранжман во некоја од соседните дестинации. Верувај, тој гест нема да остане заборавен!

Заврши дел од нејзините обврски!

Со секоја чест на исклучоците, мора да признаеме дека жените се најчесто оние кои го завршуваат поголемиот дел од домашните обврски. Ништо не кажува „Среќен 8-ми март“ како беспрекорно чист дом и ден без никакви обврски! Затоа, облечи ги ракавиците, исчисти сè по дома, зготви вкусен ручек и купи некое добро вино. Масажата нека биде јагодата на шлагот оваа вечер. Овозможи и да се чувствува како да е вистинска кралица!

Има ли нешто подобро од... шопинг?

Жени и шопинг. Нема потреба од поголемо објаснување. Секоја жена ужива додека разгледува и купува нови работи за неа. Однеси ја во нејзиниот омилен трговски центар и помогни и да одбере некои интересни модни парчиња. Овој подарок ќе направи да се чувствува убаво, ќе и ја зголеми самодовербата и ќе го зголеми нејзиното расположение.

Сакаш да ја изненадиш саканата жена, но во овој момент немаш можност? Не се грижи, ќе ти помогне Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Планираш подарок од поголем размер? Има и за тоа решение. Credissimo плус до 80.000 денари ќе го претвори овој 8-ми март во најрадосниот ден во нејзиниот живот.

Поврзани статии

Врати се назад
Како да ги израдуваш жените околу тебе – тие тоа го заслужуваат
Статии

Како да ги израдуваш жените околу тебе – тие тоа го заслужуваат

Ете, 8ми Март наближува. Понекогаш контроверзен празник, бидејќи не дели на 2 одбори, само поради тоа што едните не “припаѓаат“ во празникот

Прочитај
Топ 5 најгледани филмови на Gley
Статии

Топ 5 најгледани филмови на Gley

Нè интересираше кои се најгледаните филмови Gley, па направивме едно мало истражување и дојдовме до следната листа од „all-time“ топ 5.

Прочитај
8 Март – Меѓународен ден на жената
Статии

8 Март – Меѓународен ден на жената

Секој ден е ден за покажување почит кон вашата мајка, девојка, сопруга итн. Но, сепак купете подарок и за 8 Март, празникот треба да се одбележи

Прочитај
Подарете си возбудливо патување за 8-ми март.
Статии

Подарете си возбудливо патување за 8-ми март.

Собери ги твоите најдобри другарки и заминете на една од овие прекрасни, а сепак блиски дестинации.

Прочитај
Кој е твојот празник, Св. Валентин или Св. Трифун?
Статии

Кој е твојот празник, Св. Валентин или Св. Трифун?

Во секој случај, имаме предлози како да го прославиш овој ден, без разлика дали си заљубен во твојот партнер или виното

Прочитај