Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Четврта година организираме кампања за првачиња „Секогаш биди број 1“

Во пресрет на новата учебна година, ја продолжуваме традицијата за поддршка на првачињата во Македонија. Четврта година по ред, ги изненадуваме најмладите ученици со специјални пакети училиштен материјал, како дел од кампањата „Секогаш биди број 1“.

Импресивни резултати и проширување на иницијативата

За изминатите четири години, имаме доделено 2.057 пакети во 51 училишта низ 20 населени места во државата. Оваа година, иницијативата се проширува во нови градови, вклучувајќи ги Велес, Штип, Прилеп и Струга. Компанијата ќе продолжи да го поддржува образованието и во иднина.

„Сметаме дека одговорноста и придонесот кон образованието на младите е одговорност на сите во општеството. Токму поради тоа сакаме патот кон напредокот на првачињата да биде поддржан и од нас. Свесни сме дека ги очекуваат многу први нешта - првата научена буква, првиот број, првиот напишан збор, првата песничка, првата домашна задача. Од ден во ден ќе бидат сè побогати со знаења, а тие знаења ќе им отворат многу врати во понатамошниот живот“, ја нагласуваат од Credissimo важноста на оваа иницијатива.

Доделени подароци од Credissimo

Порака до првачињата

Испраќаме охрабрувачка порака на првачињата: „Најважно е да имате цел во вашето образование. Научете се да бидете доследни и постојани во вашите напори, бидејќи тоа е клучот кон вашиот успех. Со секој нов ден во училиште, вие правите чекор напред кон остварување на вашите цели. Продолжете да бидете љубопитни и да се радувате на секое ново знаење“.

Општествена одговорност во фокус

Credissimo се истакнува како општествено одговорна компанија со јасни приоритети за унапредување на образованието. Компанијата останува посветена на поддршката на образовните иницијативи и ќе продолжи да игра активна улога во подобрувањето на образовните можности за младите во Македонија.

Со оваа иницијатива, Credissimo не само што им помага на првачињата во нивните први училишни денови, туку и претставува пример за корпоративна општествена одговорност, инспирирајќи и други компании да инвестираат во образованието и иднината на Македонија.

Идни планови и активности

Овој месец е исклучително важен за  нас како компанија, бидејќи одбележуваме 8 години од нашето формирање и постоење. По повод роденденот на компанијата испланирани се и низа активности кои само ќе го подигнат нивото на свесност кај населението и во државата во однос на потребата од сигурен и лојален партнер.

Credissimo веќе долги години е симбол на доверба, искреност, транспарентност и исполнителност. Со секоја одмината година се трудиме сѐ повеќе да го одржиме овој имиџ на вредна општествено одговорна компанија.

Artikuj të lidhur

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Поддршката и инклузијата на лицата со Даунов синдорм четврата година по ред се во фокусот на активностите за општествена одговорност на Credissimo.

Убавината  не познава граници

Убавината не познава граници

Credissimo како општествено одговорна компанија веќе втора година по ред е спонзор на настанот.

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Од 22 февруари започнуваме со иницијативата #ТополОброкНавреме на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

И оваа година дониравме 60.000 ден. за лицата со Даунов синдром. Донацијата оваа година е во Здружение Вера од Струмица.

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Credissimo со донација за матурантите од ДСУРЦ „Св. Наум Охридски“

Завршувањето на средното образование е првиот чекор во светот на возрасните и еден од најважните моменти во животот на секој млад човек.