Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Секоја година, месец октомври се одбележува со настани за подигнување на свеста за ракот на дојка во земјите ширум светот. Значењето да се биде едуциран за оваа болест не може да се потцени: Ако ракот на дојка се открие во рана фаза, во 9 од 10 случаи може да се излечи, па оттука и важноста на раниот скрининг.

Во услови кога расте бројот на заболени од карцином на дојка, но, за среќа, се намалува процентот на смртноста од ова малигно заболување, потребно е, повторно и повторно, да се укажува на најважните нешта кои се во функција на поефикасно справување со болеста.

Затоа, постојано апелираме – секоја жена навреме да се прегледува – навременото откривање е предуслов за ракот на дојка да може да биде излечен.

По овој повод, на 26.10 имавме настан во East Gate Mall. Настанот беше со цел подигнување на свесноста за ран и редовен преглед кај женската популација.

Тимот на Credissimo како и секогаш со иновативен и посебен пристап се доближи на граѓаните преку подарување на бесплатни ваучери за ехо преглед на градите во болницата Sante Plus. Две девојки споделуваа флаери низ целиот трговски центар како заинтересираните можеа полесно да не најдат и да си подигнат ваучер за бесплатен преглед. Credissimo исто така овозможи преглед на градите на сите жени и девојки вработени во нашата фирма. Тоа е нешто што најмалку може да се направи, а притоа да се спаси нечиј живот. 

Artikuj të lidhur

Убавината  не познава граници

Убавината не познава граници

Credissimo веќе втора година по ред е спонзор на настанот организиран од Здружението за поддршка и помош на лица со даунов синдром „Вера"

Дониравме 100.000 ден. за поплавите во Делчево

Дониравме 100.000 ден. за поплавите во Делчево

Дадовме свој придонес во санирањето на штетите од поплавите во Делчево. Главниот фокус е ставен на обновување на инфраструктурата.

Реновиравме библиотека во Кочани

Реновиравме библиотека во Кочани

Целосно ја реновирановиравме библиотеката во ОУ “Раде Кратовче” во Кочани со што ги подобривме значително условите во училиштето

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

И оваа година дониравме 60.000 ден. за лицата со Даунов синдром. Донацијата оваа година е во Здружение Вера од Струмица.

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Од 22 февруари започнуваме со иницијативата #ТополОброкНавреме на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.