Лојална програма на Credissimo

Лојална програма на Credissimo

Лојалноста со Credissimo носи повеќе бенефиции

Со Лојалната програма на Credissimo, редовните и коректни клиенти добиваат дополнителни бенефиции при секое следно аплицирање. Секогаш кога редовно ги исполнуваш своите обврски и ги користиш услугите на Credissimo, собираш детелинки во својот кориснички профил. Колку повеќе детелинки имаш, толку поголем може да биде твојот индивидуален попуст од Лојалната програма.

Како добиваш Credissimo детелинка?

  • Редовно ги плаќаш ратите, без задоцнување
  • Често ги користиш нашите услуги
  • Колку повеќе земени кредити имаш, толку повеќе бенефиции
  • Извршуваш навремена целосна исплата на кредитот

лојална програма

Лојалната програма ти заштедува и пари!

Собирајќи детелинки во твојот кориснички профил, добиваш попуст кој го користиш при секое следно аплицирање за кредит, но со тоа заштедуваш и пари.

Во твојот профил ќе можеш да видиш колку пари си заштедил со попустите коишто ги користиш од Лојалната програма.

 

Информација за индивидуалните попусти, бонуси и заштедени суми, можеш да ги видиш во твојот кориснички профил.

Најави се во својот профил и види колку детелинки си собрал, колку е твојот попуст од Лојалната програма за следното аплицирање и колку пари си заштедил од попустите.

Ако сеуште не си наш клиент, сега е вистинскиот момент да ни се довериш! Нашата Лојална програма секогаш ќе биде на твоја страна!

Аплицирањето за кредит е целосно онлајн, а процедурата на разгледување и одобрување е брза и едноставна. Трансферот на одобрениот износ е веднаш на трансакциската сметка.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЛОЈАЛНАТА ПРОГРАМА НА ФД КРЕДИСИМО ДОО СКОПЈЕ

I. ОПШТИ ОДРЕДБИ

1. Со овие Општи услови се уредуваат правилата и условите за учество во Лојалната програма на Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, во понатамошниот текст:„Програмата“.

2. Организатор на Програмата е Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДОО Скопје, во понатамошниот текст:„КРЕДИСИМО“.

3. Целта на Програмата е да ги награди редовните и лојални корисници на услугите на КРЕДИСИМО со можност за остварување на попуст на каматата при следно аплицирање за кредит преку индивидуални поволности, попусти, детелинки и други погодности определени согласно овие Општи услови.

4. Учеството во Програмата е доброволно и бесплатно.

Неучеството во Програмата нема влијание врз правото на лицето да аплицира за кредит, ниту врз условите под кои КРЕДИСИМО ја разгледува неговата апликација.

5. Учеството во Програмата, статусот на лојалност, бројот на детелинки или доделениот попуст не претставуваат гаранција дека идно барање за кредит ќе биде одобрено, ниту гаранција за определен износ, рок, каматна стапка или други услови на кредитот.

6. Овие Општи услови се достапни на веб-страницата www.credissimo.mk и/или преку Корисничкиот профил.

II. ДЕФИНИЦИИ

За целите на овие Општи услови:

7. „Корисник“ е физичко лице кое користело или користи кредитен производ или друга услуга на КРЕДИСИМО.

8. „Учесник“ е Корисник кој ги исполнува условите за учество во Програмата и е вклучен во неа согласно овие Општи услови.

9. „Кориснички профил“ е персонализираниот електронски профил на Корисникот на веб-страницата и/или на друга електронска платформа на КРЕДИСИМО.

10. „Модел за оценка на лојалност“ е интерен модел развиен од КРЕДИСИМО, преку кој се определува статусот на лојалност на Учесникот и поволностите што можат да му бидат понудени во рамките на Програмата.

11. „Детелинки“ се визуелен и информативен показател за статусот на лојалност на Учесникот, определен врз основа на Моделот за оценка на лојалност.

Детелинките не претставуваат пари, електронски пари, платежен инструмент, побарување кон КРЕДИСИМО или средство кое може самостојно да се замени за паричен износ.

12. „Индивидуален попуст“е поволност определена за конкретен Учесник согласно неговиот статус во Програмата, која може да биде понудена при следно користење на производ или услуга на КРЕДИСИМО.

13. „Навреме“ е дополнителна доброволна услуга на КРЕДИСИМО, согласно важечкиот Тарифник и условите кои се применуваат за конкретниот кредитен производ.

Користењето на услугата „Навреме“ е доброволно и не претставува услов за поднесување или одобрување на барање за кредит.

14. „Заштедена сума“ е информативен податок за вкупниот износ на попусти кои Учесникот ги искористил во рамките на Програмата.

Заштедената сума не претставува парично побарување кон КРЕДИСИМО.

III. УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА

15. Право на учество во Програмата може да стекне Корисник кој:

a) има Кориснички профил кај КРЕДИСИМО;
б) има најмалку еден целосно отплатен кредит кон КРЕДИСИМО; и
в) ги исполнува останатите услови предвидени со овие Општи услови.

16. По исполнување на условите за учество, Корисникот може да биде вклучен во Програмата при негово следно аплицирање и/или преку Корисничкиот профил.

Кога согласно важечките прописи е потребна изречна согласност или друга активност од страна на Корисникот, КРЕДИСИМО ќе овозможи нејзино давање пред активирањето на соодветната функционалност на Програмата.

17. При определување на статусот на лојалност, КРЕДИСИМО може да ја земе предвид релевантната историја на односот на Корисникот со КРЕДИСИМО, согласно важечките прописи и Политиката за приватност.

IV. МОДЕЛ ЗА ОЦЕНКА НА ЛОЈАЛНОСТ И ДЕТЕЛИНКИ

18. Статусот на Учесникот во Програмата се определува со примена на интерен Модел за оценка на лојалност развиен од КРЕДИСИМО.

19. Моделот може да зема предвид показатели поврзани со досегашниот однос на Учесникот со КРЕДИСИМО, вклучително особено:

a) редовноста и навременоста во исполнувањето на обврските;
б) историјата на користење и уредно отплаќање на кредитите;
в) бројот и зачестеноста на користените и уредно отплатени кредити;
г) периодот на користење на услугите на КРЕДИСИМО; и
д) други релевантни показатели поврзани со лојалноста и досегашниот однос на Учесникот со КРЕДИСИМО.

20. Конкретната методологија на Моделот, поединечните параметри, нивната релативна тежина, вредностите, праговите, формулите и начинот на пресметка претставуваат интерна деловна методологија на КРЕДИСИМО и не се составен дел на овие Општи услови. Организаторот има право да ги менува интерните критериуми и методологија согласно потребите и начинот на функционирање на Лојалната програма.

21. Моделот за оценка на лојалност се користи за определување на статусот и поволностите на Учесникот во рамките на Програмата.

Оценката на лојалност сама по себе не претставува одлука за одобрување или одбивање на кредит и е одвоена од процесот на процена на кредитоспособност.

22. Статусот на лојалност на Учесникот може да се прикажува преку детелинки во неговиот Кориснички профил и/или во други комуникациски канали на КРЕДИСИМО.

23. Бројот на детелинки може да се менува согласно промената на статусот на Учесникот и резултатот од Моделот за оценка на лојалност.

24. Поголемиот број детелинки по правило означува повисок статус на лојалност и можност за добивање поголеми или дополнителни поволности.

Бројот на детелинки сам по себе не создава право на однапред определен процент или паричен износ на попуст, освен ако КРЕДИСИМО изречно не објави поинаку за конкретна понуда или промоција.

25. Навременото и целосно исполнување на обврските кон КРЕДИСИМО може позитивно да влијае врз статусот на Учесникот.

Доцнењето, нецелосното исполнување или друг вид нередовност може да влијае врз неговиот статус и врз идните поволности во рамките на Програмата.

26. За навремено плаќање се смета плаќање со кое целосниот доспеан износ е платен најдоцна до договорениот датум на доспевање.

Доколку датумот на доспевање е валидно изменет со договор или анекс, се зема предвид новиот договорен датум.

27. КРЕДИСИМО може во рамките на посебни промотивни активности да доделува дополнителни детелинки, бонуси, привремен повисок статус или други поволности.

Условите за таквите активности ќе бидат определени и објавени одделно.

V. ИНДИВИДУАЛЕН ПОПУСТ

28. Индивидуалниот попуст се определува за секој Учесник посебно врз основа на неговиот статус во Програмата, определен со Моделот за оценка на лојалност.

29. Висината и видот на Индивидуалниот попуст можат да се разликуваат помеѓу Учесниците, во зависност од нивниот статус на лојалност.

30. Информацијата за Индивидуалниот попуст што може да биде искористен за конкретна апликација му се прикажува или соопштува на Учесникот пред склучување на соодветниот договор.

31. Освен ако со конкретна понуда, производ или промоција изречно не е определено поинаку, Индивидуалниот попуст во рамките на Програмата се применува како намалување на надоместокот за дополнителната доброволна услуга „Навреме“, доколку Учесникот доброволно ја избере таа услуга.

32. Врз основа на бројот на важечки Детелинки, клиентот може да оствари лојален попуст на каматата на кредитот.

Лојалниот попуст се определува согласно следната скала:

Број на Детелинки

Лојален попуст на каматата

1 Детелинка: 25%

2 Детелинки: 30%

3 Детелинки: 35%

4 Детелинки: 40%

5 Детелинки: 50%

Максималниот лојален попуст изнесува 50% од каматата.

33. Изборот на услугата „Навреме“ е доброволен.

Неизбирањето на услугата „Навреме“ не влијае врз правото на Корисникот да поднесе барање за кредит, ниту само по себе претставува причина за одбивање на кредитот.

34. Доколку Учесникот не ја избере услугата за која е понуден Индивидуалниот попуст, попустот:

a) не се исплаќа во готовина;
б) не се заменува за паричен износ;
в) не се пренесува на друго лице;
г) не се користи за намалување на главнината; и
д) не се користи за намалување на каматата или друг надоместок, освен ако КРЕДИСИМО изречно не понуди таква можност.

35. Индивидуалниот попуст не може да доведе до негативен износ на надоместокот на кој се применува.

36. Доколку барањето за кредит не биде одобрено или Корисникот не склучи договор, прикажаниот или понудениот попуст за таа апликација не создава парично побарување кон КРЕДИСИМО.

37. Попустот кој е конечно одобрен и применет при склучување на договорот се евидентира во соодветната договорна документација и/или Корисничкиот профил.

VI. ПРОМОЦИИ И ДРУГИ ПОВОЛНОСТИ

38. Индивидуалниот попуст од Програмата може да се комбинира со друг попуст, промотивен код, кампања или друга поволност само доколку тоа е дозволено согласно условите на конкретната понуда.

39. Кога условите на конкретна промоција предвидуваат дека таа не може да се комбинира со попуст од Програмата за лојалност, се применуваат условите на конкретната промоција.

40. Пред склучување на договорот, на Корисникот му се прикажуваат или соопштуваат поволностите кои ќе бидат применети на конкретната апликација.

VII. КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ И ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА

41. Во Корисничкиот профил КРЕДИСИМО може да прикажува информации како што се:

a) бројот на детелинки;
б) тековниот статус во Програмата;
в) достапниот Индивидуален попуст;
г) искористените попусти;
д) Заштедената сума; и
ѓ) други информации и поволности поврзани со Програмата.

42. Информациите во Корисничкиот профил може да бидат ажурирани по приемот и евидентирањето на соодветното плаќање или по друга промена на податоците релевантни за Програмата.

43. Доколку Учесникот смета дека неговиот статус, бројот на детелинки, попустот или друг податок во Програмата не е правилно евидентиран, може да побара проверка од КРЕДИСИМО.

VIII. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

44. За целите на функционирањето на Програмата, КРЕДИСИМО може да обработува податоци поврзани со досегашниот однос на Учесникот со КРЕДИСИМО, вклучително податоци за користените производи, плаќањата, редовноста во исполнувањето на обврските, статусот во Програмата, детелинките, понудените и искористените поволности и Заштедената сума.

45. Обработката на личните податоци се врши согласно важечките прописи за заштита на личните податоци и Политиката за приватност на КРЕДИСИМО.

46. Кога обработката за определена цел се заснова на согласност, Учесникот има право да ја повлече согласноста согласно условите и постапката определени во Политиката за приватност.

47. Согласноста за директен маркетинг е одвоена од учеството во Програмата.

Одбивањето или повлекувањето на согласноста за директен маркетинг само по себе не влијае врз статусот на Учесникот во Програмата, освен во делот на комуникациите за кои таква согласност е неопходна.

IX. НЕРЕГУЛАРНОСТИ, ЗЛОУПОТРЕБА И ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ

48. КРЕДИСИМО има право да изврши исправка на статусот, бројот на детелинки, Индивидуалниот попуст, Заштедената сума или друг податок кога ќе утврди дека истиот бил погрешно пресметан или прикажан поради техничка, системска, административна или друга очигледна грешка.

49. Во случај на основано сомнение за злоупотреба на Програмата, измама, користење повеќе профили од исто лице, давање неточни податоци или обид за манипулација со Програмата, КРЕДИСИМО може привремено да го ограничи користењето на поволностите до завршување на проверката.

50. Доколку по спроведената проверка се утврди дека нема неправилност, статусот и поволностите на Учесникот ќе бидат усогласени со фактичката состојба.

X. ИЗМЕНИ И ПРЕСТАНОК НА ПРОГРАМАТА

51. Програмата се организира на неопределено време.

52. КРЕДИСИМО има право да ги менува и дополнува овие Општи услови, структурата на Програмата, Моделот за оценка на лојалност и начинот на определување на идните поволности.

53. Измените на Моделот за оценка на лојалност или на правилата на Програмата се применуваат за идното определување на статусот и поволностите и не влијаат врз попуст кој веќе е конечно одобрен и применет во склучен договор.

54. За суштински измени на овие Општи услови кои можат неповолно да влијаат врз Учесниците, КРЕДИСИМО ќе објави известување најмалку 7 календарски дена пред нивното влегување во сила, преку веб-страницата, Корисничкиот профил и/или друго соодветно средство за комуникација.

Измени кои се во корист на Учесниците или кои се неопходни поради промена на пропис, одлука или барање на надлежен орган може да стапат во сила веднаш.

55. КРЕДИСИМО има право да ја измени, прекине или замени Програмата, за што ќе ги извести Учесниците најмалку 15 календарски дена однапред, освен кога непосредниот престанок е неопходен поради законска или регулаторна причина.

56. Престанокот на Програмата не влијае врз Индивидуален попуст кој пред датумот на престанок веќе е конечно одобрен и применет во склучен договор.

57. Детелинките, статусот на лојалност и неискористените потенцијални поволности немаат парична противвредност и не можат да бидат исплатени во готовина по престанокот на Програмата.

XI. ПРИГОВОРИ И КОНТАКТ

58. За прашања, приговори или барања поврзани со Програмата, Учесникот може да се обрати до КРЕДИСИМО преку официјалните контактни канали објавени на www.credissimo.mk.

59. Поднесувањето приговор во врска со Програмата не го одложува исполнувањето на обврските на Корисникот кои произлегуваат од склучен договор за кредит.

XII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

60. Овие Општи услови ја уредуваат исклучиво Лојалната програма.

Условите за конкретен кредит се определуваат со Договорот за кредит, Општите услови за кредит и останатата договорна документација, а условите и цената на дополнителните доброволни услуги се определуваат согласно соодветната документација и важечкиот Тарифник.

61. Рекламните и информативните материјали на КРЕДИСИМО претставуваат поедноставено објаснување на Програмата.

Во случај на разлика помеѓу таквите материјали и овие Општи услови, се применуваат овие Општи услови, освен кога со конкретна промоција или понуда на Корисникот изречно му се обезбедуваат поповолни услови.

62. На Корисниците кои на датумот на влегување во сила на овие Општи услови веќе учествуваат во Програмата, нивниот постоечки статус и податоците евидентирани во системот на КРЕДИСИМО ќе продолжат да се земаат предвид согласно овие Општи услови.

63. За прашањата кои не се уредени со овие Општи услови се применуваат важечките прописи на Република Северна Македонија.

64. Овие Општи услови се ревидирани и усвоени од Управителот на ФД КРЕДИСИМО ДОО Скопје и се применуваат од 12.08.2024 година.

Поврзани статии