Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Вчера, 1.200 првачиња од  различни населени места низ Македонија добија подароци со училиштен прибор во рамки на кампањата „Секогаш биди број 1“.

Оваа кампања, ја спроведуваме петта година по ред. Станува збор за активност чија основна цел е да им се посака добредојде на првачињата во училишните клупи и да добијат материјали и прибор кои ќе им користат во образовниот процес. Оваа година, кампањата опфати најголем број градови: Делчево, Радовиш, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Кичево, Гостивар, Македонски Брод, Ресен, Крива Паланка, Свети Николе, Виница, Кратово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Дебар, Крушево и Демир Хисар.

Она што започна како една мала, но искрена иницијатива, прерасна во традиционална кампања на државно ниво, преку која петта година по ред израдувавме голем број првачиња. Како компанија, продолжуваме несебично да вложуваме во образовниот процес на учениците.

Секогаш биди број 1

За пет години опфативме 72 училишта во 89 населени места во државата, во кои подароци со училиштен прибор добија повеќе од 3.200 првачиња. На почетокот на учебната година, кога родителите се оптоварени со голем број трошоци за своите деца, оваа поддршка е добредојдена и корисна за сите што дава додадена вредност на кампањата. 

„Драго нѝ е што оваа година и нашето училиште е дел од кампањата „Секогаш биди број 1“ на Credissimo. Особено е важно тоа што се опфатени голем број помали градови од државата, сметам дека тоа е еден добар пример за тоа дека сите заедно треба да работиме за да создадеме подобри услови за образованието“ - изјави Љубица Толовска, директор на ОУ „Страшо Пинџур“ во Неготино.

Освен „Секогаш биди број 1“, имаме и други општествено одговорни проекти во повеќе области како грижа и подигање на свеста за машкото и женското здравје, екоакции, реновирање библиотеки и донации во Зоолошката градина во Скопје.  

Поврзани статии

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Credissimo донира топол оброк на Клиниката за Инфективни болести

Од 22 февруари започнуваме со иницијативата #ТополОброкНавреме на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

Реновиравме библиотека во Кочани

Реновиравме библиотека во Кочани

Целосно ја реновирановиравме библиотеката во ОУ “Раде Кратовче” - Кочани

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Доза среќа по повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Поддршката и инклузијата на лицата со Даунов синдорм четврата година по ред се во фокусот на активностите за општествена одговорност на Credissimo.

Израдуваме повеќе од 550 првачиња ширум Македонија

Израдуваме повеќе од 550 првачиња ширум Македонија

Вчера, на првиот училишен ден, раздадовме подароци со училишен прибор на првачињата во неколку градови. Детската радост и искрените насмевки ги стоплија нашите срца.

 Уште една хуманитарна акција на Credissimo

Уште една хуманитарна акција на Credissimo

По повод месецот на розoвата панделка, Credissimo донираше 60.000 ден.