Освежи ги твоите пријатели со неколку кул предлог коктели

Освежи ги твоите пријатели со неколку кул предлог коктели

Како што се покачуваат температурите и стануваат се понемилосрдни, така се зголемува желбата за огромна чаша ладен пијалок. Студена вода и лимонада се првото нешто што ни доаѓа на памет, но понекогаш единственото нешто што навистина може да не разлади е еден вкусен коктел во шарени бои кои само ја развеселуваат атмосферата. Без разлика дали се работи за роденденска забава или само една обична, опуштена собиранка, мора да признаеме дека никој не останува рамнодушен на добар коктел. Па, затоа биди ти кул личноста во друштвото која знае како да ги расположи другарите и импресионирај ги со твоите одлични вештини за мешање алкохолни пијалоци.

Лубеница и текила. Доволно кажано.

Покрај целиот суфицит на лубеницата во лето, одлично би било доколку најдеш начин како да ја искористиш. Сокот од лубеница е потценет материјал за коктели, но доколку знаеш како да го искомбинираш со вистинскиот алкохол, резултатот може многу пријатно да изненади.

Како?

Во мало тенџере, зовриј вода со шеќер и потоа мешај ја смесата на умерена температура околу една минута, па остави ја да се олади. Во блендер направи пире од парчиња лубеница, потоа исцеди го сокот и отстрани ја пулпата. Во друг сад, измешај го сирупот од шеќер со сок од лимета, боровница и ливчиња од нане. Користејќи дрвена лажица, нежно измешај ги боровницата и нането. Додај го сокот од лубеница и текилата. Олади ја смесата во фрижидер околу 2 часа. Сервирај го коктелот во висока, стаклена чаша, декорирана со ливчиња нане.

Смрзнато, медено задоволство

Доколку во коктелите мешаш алкохол со комбинирани овошни вкусови од иста ботаничка фамилија, дефинитивно не можеш да промашиш. Овој кул и лесен коктел е идеален за лето, бидејќи содржи освежителни состојќи како краставица и диња кои всушност припаѓаат на иста фамилија растенија. Овој пијалок е идеален за секоја прилика, без разлика дали си на одмор, дома или во твојата викендица, бидејќи потребни се само 5 минути за правење.

Како?

Во сад, измешај сол, шеќер и семиња од анасон. Потоа, намачкај го надворешниот раб на претходно оладени вински чаши со сок од лимета и мешавината со анасон. Во блендер, измешај лимета, џин, краставица, диња, лимон, мед и мраз. Сервирај го пијалокот со парче краставица и топчиња од диња.

Освежителен босилек

Овој лесен и освежувачки коктел потекнува од јужниот дел на Франција каде босилекот е една од најкористените билки во кујната. Во висока стаклена чаша, испасирај праска со 6 листови босилен и сок од лимон. Додади џин, бело вино и сируп од шеќер. Додади коцки лед и кисела вода и за крај украси го коктелот со босилек. Ова совршено ќе те освежи од пеколната жештина ова лето.

Алкохолните пијалоци и доброто расположение се веќе тука. За се друго ќе се погрижи „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или „Credissimo плус" до 80.000 денари кои ќе ти ја овозможат најдобрата забава ова лето која твоите другари нема да ја заборават.

Поврзани статии

Избери костим за капење според линијата на твоето тело.

Избери костим за капење според линијата на твоето тело.

Сакаш да изгледаш совршено на плажа? Тогаш избери го соодтветниот костим за капење кој најмногу прилега на формата на твоето тело.

Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување

Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување

Искористи ги нашите совети за да го поминеш одморот ова лето незаборавно! Кампувај, спиј под ѕвездите, изненади ги пријателите со пица

Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Во светот се раѓа нов феномен наречен „одмаздничко патување“

Новиот феномен којшто се раѓа во светот се нарекува „одмаздничко патување“ и во превод значи патување и откривање на нови места после пандемијата

3 совети за постигнување здрав и неодолив тен

3 совети за постигнување здрав и неодолив тен

Добиј го тенот кој го посакуваш со следниве совети! Задолжително прочитај ги, важно е да знаеш како да се заштитиш од летното сонце

Плажи како од рајот, на само неколку часа од тебе!

Плажи како од рајот, на само неколку часа од тебе!

Погледни го списокот на најблиските и најдобрите плажи, кои ти се лесно достапни. Замини на одмор на едно од овие рајски места