Направи сам подарок за Свети Валентин – идеи за подароци „Те сакам"

Направи сам подарок за Свети Валентин  – идеи за подароци „Те сакам

Најубавите подароци не доаѓаат само во луксузно пакување. Понекогаш, најубавиот подарок е оној кој го имаш направено сам и во кој си вложил личен труд и време. Ако сакаш да ја изненадиш твојата половинка со автентичен и персонализиран подарок по повод св. Валентајн, еве неколку направи сам идеи.

Тегла со ,,50 причини зошто го/ја сакаш“

Што ти е потребно?

  • Стаклена тегла со капак
  • Шарени ливчиња
  • Лента за декорација

Како се прави?

Напиши 50 мали пораки со причини зошто го/ја сакаш – романтични или смешни. Свиткај ги и стави ги во теглата. Декорирај ја теглата со лента.

Зошто е посебен подарокот?

Секој ден твојата сакана личност ќе може да извлече по една причина и да се потсети на тоа колку многу ја сакаш.

 

Персонализирана книга „Нашата приказна“

Што ти е потребно?

  • Мал тефтер или празна книга
  • Шарени маркери и лепак
  • Заеднички фотографии

Како се прави?

Создај албум со вашите најубави спомени – првиот состанок, заеднички патувања, забавни моменти. Додај други фотографии, цртежи и мали детали.

Зошто е посебен подарокот?

Ова е книга што со текот на времето станува се по драга и подрага.

 

Ваучери за љубовни изненадувања

Што ти е потребно?

  • Дебел картон
  • Ножици
  • Маркери и бујна фантазија

Како се прави?

Направи ваучери за појадок во кревет, масажа, филмска вечер... Подари ги во кутија или рачно направен плик.

Зошто е посебен подарокот?

Ова е подарок што ќе ви носи радост и на двајцата и после празникот.

 

Домашно чоколадо

Што ти е потребно?

  • 200 г темно чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажица путер
  • какао, кокос или јаткасти плодови

Како се прави?

Загреј ја павлаката, додади го темното чоколадо и путер. Стави ја смесата во капап или направи форма на срце. Остави во фрижидер 2 часа.

Зошто е посебен подарокот?

Домашното чоколадо има посебен вкус кога е направено со љубов.

 

Колаж „Сложувалка од нашите спомени“

Што ти е потребно?

  • Голема рамка
  • Заеднички фотографии
  • Лепак или двострана лента

Како се прави?

Подреди фотографиите во рамка како сложувалка и додај мали пораки.

Зошто е посебен подарокот?

Секој пат кога ќе го погледнеш ќе те потсети на вашите најубави моменти.

Не заборавај дека подарокот што ќе се памети најдолго е оној во кој си вложил дел од твоето срце. Не е важно колку чини, туку каква порака носи. Рачно изработените подароци покажуваат посебно внимание и создаваат емоции што остануваат засекогаш.

Која од овие идеи ќе ја пробаш ти годинава?

Поврзани статии

Направи сам: Уникатна маска за Ноќта на вештерките!

Направи сам: Уникатна маска за Ноќта на вештерките!

Погледни ги овие идеи и направи си уникатна маска со којашто ќе бидеш највпечатлив за Ноќта на вештерките!

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Посакај им среќен 8-ми март на омилените жени во твојот живот со една од овие идеи за подарок. Види ги идеите и одбери подарок

Направете си сами маска за 1-ви Април со минимален буџет

Направете си сами маска за 1-ви Април со минимален буџет

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата се слави секоја година на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии.

Топ 5 најгледани филмови на Gley

Топ 5 најгледани филмови на Gley

Нè интересираше кои се најгледаните филмови Gley, па направивме едно мало истражување и дојдовме до следната листа од „all-time“ топ 5.

Периодот на свадби пристигна!

Периодот на свадби пристигна!

Во денешната статија ви нудиме неколку совети и идеи за совршениот свадбен подарок. Доколку сеуште сте одбрале, погледнете ги нашите предлози.