Летен oдмор во хотел или камп? Споредба и предности

Летен oдмор во хотел или камп? Споредба и предности

Кога се избира престојот каде што ќе се помине одморот, луѓето најчесто одбираат хотел. Пред да се одлучите за очигледната варијанта, ви претставуваме причини зошто можете да одберете и кампување наместо престој во хотел.

Најголема предност кога кампувате, е тоа што сте во директен контакт со природата. Кога престојувате во хотел, потребно е време за да се поврзете со природата. За разлика од оваа ситуација, камперите се опкружени со зеленило и природа и донесуваат одлуки без напор.

Семејното кампување е одличен начин со кој сите членови можат да поминат повеќе време заедно. Самата атмосфера на кампувањето, потребата да се биде организиран, да се комуницира и да се делат многу работи е добра идеја како да се зближи семејството. Во хотелски услови често сите се одвоени и не поминуваат многу време заедно, па затоа кампувањето може да биде одлично семејно искуство.

Во последно време кампувањето станува уште повозбудливо. Причината е тоа што постојат голем број на одлични средства наменети за кампување, кои го прават истото полесно и позабавно. Листата на овие средства е долга: соларен погон за полначи, апликации за паметни телефони, мобилни кујни, повеќенаменски ламби, радија итн. Сите заедно овозможуваат сигурен и забавен камперски одмор, како и повеќе авантури, отколку седење во хотелска соба и губење време на активности како гледање телевизиски програми кои често не ги разбираме.

Голем стереотип е тоа што луѓето сметаат дека ако кампуваш си осуден на минимални објекти за забава. Тоа не е вистина. Современите места за кампување се опремени со различни објекти, базени, детски игралишта, ресторани, барови, спортски објекти, спа третман објекти и слично.

Најдобриот дел е тоа што овие објекти се поевтини од стандардните хотелските услуги. Затоа и сѐ повеќе луѓе се одлучуваат да одат на ваков тип на одмор, кој дури и со целосната опрема и средства е многу поекономичен од одмор во хотел.

Ако одите на одмор и често се жалите дека не сте виделе и истражиле дел од околината во која сте престојувале, кампувањето е решение за тоа. Самиот престој во природата ви овозможува директно поврзување со неа, а воедно и ја поедноставува можноста за истражување.

Тука веќе станува збор за личен избор и различен начин на размилсување. Секој ќе го одбере тоа што повеќе го сака и му одговара. Само едно останува исто и заедничко кај сите, а тоа е поддршката која ја добивате од Credissimo, без разлика каде ќе одберете да го поминете летото. Аплицирај за Credissimo плус до 80.000 денари или земи „Credissimo до плата" и земи го 1-от и секој 5-ти кредит во износ до 12.000 денари без камата со рок на враќање до 30 дена.
Имајте убав помин каде и да одите.

Artikuj të lidhur

7 Совети за тоа како безбедно да земете брз кредит

7 Совети за тоа како безбедно да земете брз кредит

За да сте задоволни клиенти прочитајте ги седумте правила на Кредисимо за безбедност при земањето на брз кредит

14 совети како да заштедите пари од струја (дел 2)

14 совети како да заштедите пари од струја (дел 2)

Совети и малку познати трикови за намалување на трошоците за струја. Инвестирај за да заштедиш. Промени ги своите навики

Најпрофитабилната инвестиција

Најпрофитабилната инвестиција

Можностите за обуки на секакви теми веќе се скоро на секој агол и не се тешко достапни, ниту како време, ниту како средства.

Земање на кредит за непредвидени трошоци

Земање на кредит за непредвидени трошоци

Брзите заеми се заеми, кои што може да ги земете само за неколку минути. Најчестатата намена е за непредвидени трошоци и ситуации

Најлесниот начин да земете пари во кеш

Најлесниот начин да земете пари во кеш

При аплицирањето за брз онлајн кредит не е потребно ништо друго освен да сте полнолетен и да имате важечка лична карта.