Биди „ин“ оваа есен и погледни ги новите модни трендови

Биди „ин“ оваа есен и погледни ги новите модни трендови

Иако веќе сме длабоко навлезени во оваа есен, сонцето сѐ уште се појавува и привремено ја прикрива есенската свежина во воздухот, давајќи ни можност да ги износиме омилените есенски палтенца и да правиме интересни модни комбинации. Ова е единствена сезона каде што ни е дозволено да носиме што и да сакаме, од кратки ракави и фустанчиња, па сѐ до чизми и марами. Затоа, искористи го овој шармантен период за нови, удобни и слатки есенски модни комбинации. Доколку сакаш да го освежиш твојот стил, а немаш идеја како, не грижи се. Ти подготвивме листа на најновите трендови во новата модна сезона оваа есен.

Периодов се забележа големиот наплив на инспирација кај најпознатите модни трендсетери, кои беа исклучително иновативни со новите трендови што ги претставија на модните писти.

Преголеми чанти

Преголеми чанти

Колку поголема, толку подобро. Облеката во поголема величина и џиновските чанти ќе ги забележиш насекаде оваа сезона. Добрата вест е што овој тренд може да биде многу практичен, бидејќи во чантата ќе собере сѐ што ти треба: шминки, чадор, лаптоп, шише со вода, полнач за телефон, па дури и дополнителен пар чевли за секој случај.

Воздушести и топли јакни

jакни

Добро познатите „монтки“, кои долго време ги избегнувавме, повторно се враќаат во мода. Модните инфлуенсери и дизајнери обожаваат да ги имплементираат старомодните, заборавени парчиња и да им дадат нова димензија и да ги претворат во нов тренд. Така направија и оваа сезона со воздушестите јакни „монтки“, кои овојпат во металик и неон бои ги комбинираа со необични „бубреже“ чанти, или со кул неонски очила.

Волуменозни ракави

Волуменозни ракави

Оваа есен, целиот моден свет е вљубен во долгите, воздушести ракави. Понекогаш се нарекуваат и „балон“ ракави, кога се многу широки на средината. Лелеавиот ракав е најчесто изработен од нежни материјали како сатен и свила, кои му даваат еден „Дизни“ изглед што потсетува на принцезите од нашите најомилени цртани од детството.

Додатоци за коса

Додатоци за коса

Додатоците за коса се многу „ин“ во овие есенски денови. Од персонализирани шнолки за коса со зборови на нив, па сѐ до беретки и шнолки со бисери. Овој додаток ќе го заокружи изгледот и ќе те поштеди од потребата за носење дополнителен накит.

Следи ги најновите трендови, изгледај најкул и не грижи се за финансискиот дел. Дозволи си еден добар есенски шопинг со Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари, и уживај во твојот нов изглед.

Поврзани статии

Уживај во есента на вистински начин

Уживај во есента на вистински начин

Доколку сакаш да патуваш во октомври, но не знаеш каде, прочитај ја нашата статија и можеби ќе ти се допаднат нашите совети.

Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка

Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка

Eсенскиот период е идеален за патување. Времето е создадено за прошетки во кои максимално ќе уживаш во магичните пејзажи со портокалова и златна боја

3 фризури што ја обележаа оваа сезона

3 фризури што ја обележаа оваа сезона

Ова се трите најпопуларни фризури за оваа сезона и со нив не можете да погрешите. Шишки-завеси, долга коса, долга боб-фризура

Есенски активности со твоето дете

Есенски активности со твоето дете

Искористи ги последните сончеви денови од есента и вклучи ги твоите деца во многу забавни активности!

Европски дестинации кои се најпривлечни во есен

Европски дестинации кои се најпривлечни во есен

Посети ги најпривлечните европски дестинации и почувстуваај ја есенската идила во вистинско светло. Словенија, Италија, Јужна Франција